Матрикс ја искористи подолгата клупа во дуелот со Гранит
Матрикс 6-1(1-0) Гранит
Матрикс: Ѓорѓи Иванов 4’ Антонио Богдановски 26’ Петре Даиловски 28’ Дарко Насевски 31’ 33’ Оливер Петрески 38’
Гранит: Дарко Стојановски 36’
Шеснаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Матрикс и Гранит, првата фаза од полувремето помина во висок ритам на игра, екипата на Матрикс уште во раната фаза на полувремето успеа да искористи кикс во одбраната на Гранит и во 4та минута да го отвори резултатот. По ова екипата на гранит ја зацврсти играта во одбраната и преку контра напади се обидуваше да дојде до израмнување. До крајот на полувремето и двете екипи пропуштија по неколку шанси за погодок и на полувремето се замина со истиот резултат од 4та минута 1-0. Во второто полувреме екипата на Гранит остана кратка за два играчи што екипата на Матрикс вешто го искористи и успеа да створи резултаска предност. Во понатамошниот тек на полувремето Матрикс од минута во минута го зголемуваше водството за да на крајот извојува убедлива победа од 6-1.
Еуро Табак со голман играч не успеа да го изненади Лукоил
Лукоил 4-1(1-0) Еуро Табак
Лукоил:Дејан Зиков 3’ Марјан Цветковски 24’ 32’ Жарко Климкаров 26’Мартин Алаѓозовски 40’
Еуро Табак: Стефан Хаџидинов 29’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Еуро Табак, уште на самиот почеток екипата на Лукоил ја наметна својата препознатлива игра со многу додавање и проигрувања со својот голман, што резултираше со гол во 3та минута. По овој примен погодок екипата на Еуро Табак направи промена во тактиката и доста повнимателно влезе во остатокот од полувремето, успеаа и да створат неколку шанси за израмнување но голманот Цветковски не дозволи изненадување па на полувремето се замина со резултат од 1-0. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак со сите или се обидуваше да дојде до израмнување, направи промена во тактиката со внесување на голман играч и тргна во целосна пфанзива. Таквата офанзивна игра на Еуро Табак успеа да ја искористи екипата на Лукоил која преку контра напади успешно го зголемуваше своето водстводо конечни 4-1.
ЕЛЕМ во второто полувреме до победа над Македонски Телеком
Македонски Телеком 1-4(1-1) ЕЛЕМ
Македонски Телеком: Стефан Наскоски 1’
ЕЛЕМ: Златко Станкоски 13’ 25’ Ристо Стефковски 22’37’
Натпреварот помеѓу Македонски Телеком и ЕЛЕМ имаше одлично отварања. Екипата на Телеком уште во првата минута успеа да постигне погодок и да најави интересно прво полувреме. По ова водство екипата на Телеком доби мотив повеќе и тргна уште пожестоко кон противничкиот гол со цел да ја зголеми предноста, но екипата на ЕЛЕМ одлично ја имаше поставено својата одбрана и успеа кон средината на полувремето преку контра напад во 13та минута да го израмни резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи се обидуваа да реализираат за водство но до паузата резултатот остана 1-1. Во второто полувреме на самиот старт екипата на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на Македонски Телеком во играта внесе голман играч и се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на ЕЛЕМ во ова второ полувреме ја имаше контролата над играта и резултатот. Натпреварот заврши со резултат од 1-4.