Алкалоид со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Во првиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија, само Алкалоид успеа да слави, а другите два меча завршија без победник.

ТРАНСМЕТ и Адмирал одиграа реми натпревар

ТРАНСМЕТ 2-2 (2-1) Адмирал
ТРАНСМЕТ: Тони Ѓуровски 1’, Бобан Велјановски 15’
Адмирал: Спасе Новсковски 3’, 22’

Осмото коло во Телеком Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ТРАНСМЕТ и Адмирал. И двете екипи уште на самиот почеток играа доста отворен фудбал со целосен акцент на нападот, па и оттука двата брзи гола, по еден и на двете страни, за 1-1 за само 3 минути. Во понатамошниот дел од полувремето екипата на ТРАНСМЕТ по одлично поставена одбрана успеа да дојде до брз контранапад, преку кој поентираше и дојде до водство од 2-1 во 15’. Екипата на Адмирал иако беше настојчива, не успеа да го израмни резултатот со кој се отиде на полувремето. Во раната фаза од второто полувреме, по само 2 минути игра, екипата на Адмирал успеа да израмни на 2-2, по што се влезе во серија промашувања и на двете страни. Ваквата непрецизна игра продолжи се до самиот крај, по што ниедна од екипите не успеа да ги понесе бодовите.

ФАКОМ и Македонски Телеком ги поделија бодовите

ФАКОМ 4-4 (2-3) Македонски Телеком
ФАКОМ: Лазар Јаневски 4’, Шенол Аџировски 19’, Боро Мисердовски 31’, 34’
Македонски Телеком: Влатко Манев 8’, 18’, 32’, Агрон Пацоли 16’

Екипите на ФАКОМ и Македонски Телеком уште на самиот старт тргнаа во брз и отворен фудбал со што најавија интересен натпревар кој ќе изобилува со доста атрактивни потези. Прва до водство дојде екипата на ФАКОМ во 4’, но само по неколку минути Македонски Телеком израмни, со што се влезе во егал натпревар. Екипата на Македонски Телеком со добро позициониран напад успеа да стигне до водство од 1-3, но ФАКОМ искористи една грешка во нивната одбрана, напали на 2-3 на полувремето. На самиот почеток од второто полувреме екипата на ФАКОМ доста офанзивно го напаѓаше голот на Македонски Телеком, што вроди со плод со оглед на тоа дека двете екипи играа со голман-играч. Во понатамошниот дел наизменично се менуваа со водството, но ниеден не направи резултатска предност, па на крајот ги поделија бодовите.

Алкалоид со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 5-8 (3-4) Алкалоид
Пекабеско: Александар Георгиевски 1’, Игор Димчевски 12’, Дејан Неделковски 20’, Бобан Мициќ 28’, Јовица Левајковски 34’
ЖАлкалоид: Оливер Христовски 5’, 14’, 15’, 26’, Стефан Димовски 17’, Николче Дамјановски 25’, Сунај Љазим 31’, 38’

Екипите на Пекабеско и Алкалоид влегоа доста мотивирано во овој натпревар, уште на самиот почеток во најраната фаза од натпреварот екипата на Пекабеско за само 11 секунди го постигна најбрзиот гол оваа сезона, со што најави отворен фудбал и на двете страни. Во понатамошниот тек од полувремето Алкалоид ја презеде иницијативата и дојде до водство кое на полувремето изнесуваше 3-4. Во второто полувреме Алкалоид целосно ја презеде иницијативата и оствари солидна предност за победа на овој натпревар од 5-8.

24 ноември 2015 - 10:44