ЈСП со победа ја започна новата сезона од Бизнис Лигата

Во првото коло од новата сезона во Бизнис Лигата на Македонија Мепсо славеше убедливо над Пекабеско, ЈСП со пресврт освои три бода против Окта, а Еуро Табак и Алкалоид одиграа без победник.

ЈСП со победа ја започна новата сезона од Бизнис Лигата

Окта 4-6(3-2) ЈСП

Окта: Славчо Стојковски 6’ Александар Јовчевски 10’ Шеќо Личина 19’ Драганчо Ѓорѓиевски 40’

ЈСП: Дејан Блажевски 4’ 7’ Маријан Србиновски 22’ Сабит Хусеини 26’ Љупчо Павловиќ 31’ Сашо Георгиев 38’

Новата сезона од Бизнис Лигата на Македонија ја отвориа екипите на Окта и ЈСП.

Интересни воведни минути одиграа двата тима, екипата на ЈСП беше таа што ја превзема иницијативата што резултираше со рано водство во 4та минута со одличниот погодок на Дејан Блажевски. Екипата на Окта брзо одговори на ова водство и веќе во 6та минута успеа да реализира напад за израмнување на резултатот. До крајот на полувремето се играше отворен фудбал со многу шанси и на двете страни, во таквата отворена игра поуспешна ова полувреме беше екипата на Окта која на паузата замина со поволен резултат од 3-2. На стартот од второто полувреме екипата на ЈСП направи неколку промени во тимот, во игра внесе голман играч што резултираше со израмнување во 22та минута. Овој погодок им даде дополнителен мотив на екипата на ЈСП која тргна поагресивно кон противничкиот гол и во средината на полувремето успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Окта со сите сили, најчесто преку контра напади се обидуваше да се врати резултатски во игра но екипата на ЈСП рутинирано успеа да го приврши натпреварот со резултат во своја корист од 6-4.

Екипите на Еуро Табак и Алкалоид ги поделија бодовите

Еуро Табак 4-4(2-2) Алкалоид

Еуро Табак: Никола Зафировски 5’ 17’ Дејан Младеновски 29’ Дејан Јанковски 31’

Алкалоид: Стефан Димовски 2’ 21’ Оливер Христовски 7’ Денис Салковски 37’

Одличен почеток за екипата на Алкалоид која уште на самиот старт во втората минута преку Димовски успеа да го отвори резултатот. Овој брз погодок навестуваше отворена игра со многу шанси и на двете страни. Екипата на Еуро Табак брзо успеа да се врати од овој шок и во 5та минута да погоди за израмнување. До крајот на полувремето екипата на Алкалоид имаше повеќе од играта но екипата на Еуро Табак успеа да искористи грешка во одбраната и да го изедначи резултатот на 2-2. Во второто полувреме двете екипи приредије одличен фудбал, исполнет со многу атрактивни потези и прекрасни голови. Екипата на Алкалоид на стартот на полувремето успеа да го превземе водството по одличниот гол на Димовски, сепак екипата на Еуро Табак се покажа како екипа со цврст карактер и успеа резултатски да се врати во игра и во 31та минута да направи целосен резултатски пресврт. Екипата на Алкалоид последните минути ги одигра со голман играч фрлајќи се на една карта и во 37та минута успеа да дојде до израмнување. На крајот натпреварот заврши со делба на бодовите со резултат од 4-4.

Мепсо се разбуди во второто полувреме и дојде до победа над Пекабеско

Мепсо 4-0(0-0) Пекабеско

Мепсо: Александар Јакимовски 25’35’ Диме Рошковски 38’ Борис Трајковски 27’ Томи Честоилов 40’

Пекабеско:

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Мепсо и Пекабеско, екипите се одредија за нешто позатворена игра внимавајќи повеќе на својот гол. Со повремени контра напади и удари од далечниа се обидуваа да го отворат резултатот, но за одбележување се неколкуте одлични интервенции на голманите кои успеаа да ги сочуваат своите мрежи мирни до полувремето. Во второто полувреме двете екипи започнаа со поагресивна, напаѓачка игра. Во 23та минута екипата на Пекабеско успеа да одработи одличен напад но сепак дирекот беше сојузник на екипата на Мепсо. Оваа изгледна прилика на Пекабеско како да ја разбуди екипата на Мепсо која тргна во целосна офанзива и за неколку минути успеа да оствари предност која до крајот на натпреварот доста искусно ја одржуваше. Натпреварот заврши со резултат од 4-0

26 септември 2018 - 09:22