Колку загадуваат твоите пребарувања на Гугл

Само затоа што нешто е во облак не значи дека облакот работи на убави мисли и позитивно расположение, туку работи на илјадници сервери кои работат на струја, а Гугл има 3,5 милијарди пребарувања дневно што овие сервери треба да ги обработат, со помош на струја.

На серверската моќ што на Гугл му потребна за обработка и опслужување на овие 3,5 милијарди пребарувања отпаѓаат 40% од целото загадување што доаѓа од интернетот. Студија од 2015 тврди дека глобалната интернет активност создава подеднакво ЦО2 колку и глобалната авио индустрија.

„Речиси никој не ни размислува дека интернетот е создаден од меѓусебно поврзана физичка инфраструктура која консумира природни ресурси.

Како е можно така очигледен факт да е заташкан во општествената имагинација,“ прашува Џоана Мол која ја испитува физичката страна на интернетот и последиците од него.

Работејќи со бројки од 2015, таа го создава сервисот CO2GLE, кој во реално време мери колку ЦО2 е испуштен само од Гугл во периодот додека ја имате отворено веб-страната. Основната математика на проектот е дека Гугл обработува по 47.000 пребарувања во секунда, за што создава загадување од 500 кг. ЦО2.

На крај излегува околу 10 грама ЦО2 по пребарување.

Гугл не ги спори овие бројки, но дава друга статистика според која за 1 корисник да добие Гугл услуги цел месец се создава еднаква количина на загадување како и од просечен автомобил кој минал една милја.

Мол има и уште еден проект по име „DEFOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOREST“ кој покажува колку дрвја се потребни за да го расчистат загадувањето од пребарувањата на Гугл. Тука просекот е: загадувањето од 1 секунда мината на Гугл треба да го расчистат 23 дрвја.

Принт-скринот е направен на околу 10 секунди:
 

 

8 мај 2018 - 11:03