Offside

Токму со моделот „TIENTO“ било одиграно првото полувреме од финалето на првото СП, одржано во Монтевидео во 1930 година, помеѓу Аргентина и Уругвај.

Пред 11 години светот прележа панедмија на свински грип, и тогаш имаше заболени фудбалери

Пандемијата со коронавирус не е прв ваков случај во ХХI век. Во 2009 година светот веќе преживеа моќна инфекциска болест: свински грип зафати повеќе од 200 земји, го стопираше спортот и посеа страв во светот.

Чиро ти чистиш и готвиш по дома?

Голгетерот на Лацио не води само на листата на стрелци во Серија А, туку и дома ги води работите во кујна. Ама затоа кога жена му ќе му влезе на сред Плејстејшн, не смее да писне.

Абе голов на Лампард уште го немате признаено?

Поминаа 10 години од една од најголемите судиски мундијалски бруки. Се случија на осминафиналето Германија - Англија кое го добија Германците со 4:1. При водство од 2:1, Лампард даде гол кој цел свет го виде, освен судијата, а Капело веќе и му се израдува.

Еден култен волеј на Едгар Давидс и бомба на Снајдер

Легенда на Ајакс и Јувентус. Играше уште и за Барселона, Интер, Тотенхем, Кристал Палас па дури и во Барнет. За време на својот втор престој во матичниот клуб од Амстердам, на едно дерби против ПСВ Ајндховен фати еден таков волеј што голманот Гомез уште го памти. А неколку минути подоцна Весли Снајдер загрме со левицата.

Европско 2020 е првиот голем турнир во историјата одложен поради вирус

До пандемијата со коронавирусот, Европското првенство топ не го биело: Сите претходни 15 турнири оделе по план, ништо не го спречувало овој голем и вреден турнир. Преседан се случи оваа година.

Напред Италијанци, ќе заврши ова и повторно ќе се забавуваме заедно

Италија е љубов. Италија е страст. Италија е уникатно и незаменливо место во светот. Празни се улиците, но земјата е жива како никогаш. Дури и во моменти на тешкотии, кои не се случиле претходно, Италија ја демонстрира својата величина и убавина.

Турски ултраси за време на коронавирус

Овие навивачи го бодрат четвртолигашот Кочелиспор, а навивачката страст умеат да ја искомбинираат со безбедносните мерки. И сега во ситуацијава ако не можат да се испразнат на стадион, можат на улица.

УЕФА ги помести и датумите за финале на ЛШ и ЛЕ

Покрај одлуката за одложување на Евро2020 за следната 2021-ва, УЕФА реши и да ги пролонгира датумите за одигрување на двата натпревари кои би требале да го одредат шампионот во ЛШ и во ЛЕ.

Ништо од Европско дечки, здравје во 2021-ва ќе се игра

Тоа што се претпоставуваше на големо со оглед на ситуацијава, беше прашање на време кога и официјално ќе се потврди. Но добро, логично е вака нели? За разочарување не треба да стане ни збор, плус две лета по ред ќе има фудбал, што ни фали? ЕП па СП.

Дијалог на денот меѓу Фабрегас и комшијата

Карантинот е на сам почеток, а некои луѓе веќе не можат да се поднесат дома и да го слушаат првиот комшија, без разлика што е голема фудбалска ѕвезда од Арсенал, Барселона, Челси, а сега од Монако.

Кеисуке Хонда - првиот фудбалер што даде гол на 6 континенти

Јапонецот Хонда по завршувањето на својата богата кариера комотно ќе може да напише автобиогафија за неговите авантури на разни страни од светот. Стигна да биде и селектор на Камбоџа, а сега игра во најфудбалската земја на светот.

Жонглер на денот кој заврши со жонглирање во карантин

Фудбалерите за време на короната се снимаат дома со топка, а навивачите обично пејат или пуштаат навивачки песни на балкон. Овој изгледа бајаги се има проценето, мислејќи дека спаѓа во првите. Карантинот од сега ќе му се одвива само на балкон.

Камп Ноу затворен? Цело маало грми Меси

По примерот во Италија каде цели квартови пејат, свират, играат, во Барселона една од првите вечери во карантин му ја посветија на нивниот крал.

Италијански навивачки проблеми

Ова со рокањето музика од балкони во Неапол на пример тече без фрки, бидејќи се пее само за Наполи, ама кризно подрачје за ваков вид на забава е Рим. Од една зграда се слуша песна за Рома, а ликов кој навива за Лацио е до толку гневен што решил да им се симне со стап.

Да не сте ја пипнале, корона има

Или поточно како во Ангола голманите задржуваат време.

Да го послушаме апелот на Булеварко

Со оглед на тоа што сметаме дека муабетот му е скроз на место, ние радо прифаќаме да ги отвориме спортските архиви.

Додека и тенисот е во мирување

Некој жонглира фудбалска топка, некој тоалетна хартија, а има и такви позитивци што не можат без тенис, макар преку прозор.

Две ремек дела на Роналдо и Меси кои не застаруваат

Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.

До вчера го пцуеа, сега неговата компанија може ќе измисли вакцина

Сопственикот на германскиот фудбалски клуб Хофенхајм и еден од најгобатите луѓе во Европа, Дитмар Хоп неодамна беше грубо навредуван од поедини навивачки групи во Германија. Сега неговата компанија е водечка во трката за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

Што прави Салах додека трае паузата во Премиер?

Едно видео на интернет ги изнасмеа сите, па дури и легендарниот Икер Касиљас.

Руни со волеј до британските власти: Нè третирате ко морски прасиња

Вејн Руни ретко се огласува на нефудбалски теми, но ситуацијата со коронавирусот го натерала да распали по актуелната влада. Напиша колумна за The Sunday Times.

Штета што се играше без публика па немаше кој да го види голов

Изминатиов викенд се одиграа првенствени средби само во некои лиги. Турците уште тераат нормално, само без гледачи. Денизлиспор го победи Генчлербирлиги со спектакуларен гол на Хуго Родаљега.

Како македонските напаѓачи разбиваат монотонија по дома

Фудбалерите смислија предизвик кој почнаа да го шират од дома за време на карантинот. Го практикуваат многу играчи, а конкретно овој се однесува на напаѓачите. Кај нашите го почна Нестор.