ЛАЈПЦИГ - ПСЖ 0:3 (0:2)
/Маркињос 13', Ди Марија 42', Бернат 56'/
🇧🇷 Marquinhos in UCL knockout stage:
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 18, 2020
⚽️🆚 Leverkusen, round of 16, 2014
⚽️🆚 Atalanta, quarter-finals, 2020
⚽️🆚 Leipzig, semi-finals, 2020#UCL pic.twitter.com/2eonlmzIDO
На стадионот „Луж“ во Лисабон, Пари Сен Жермен одигра фантастичен фудбал и првпат во својата 50-годишна историја се пласираше во големото финале на Лига на шампиони. Таму на 23. август ќе го чека подобриот од второто полуфинале Баерн Минхен - Лион.
За доминацијата на шампионот на Франција говори и статистиката: 55% посед на топка наспроти 45% на Лајпциг, 14 шута од кои 9 во рамки на голот и повеќе пасови (642-470).
Интересно, дури 20 од 25 гола на ПСЖ во ова издание на ЛШ сезонава биле дело на тројката Нејмар-Мбапе-Ди Марија иако ниту Бразилецот ниту Французинот не дадоа ниеден од 5-те гола на ПСЖ во плејофот.
ПСЖ има едно европско финале, но во Купот на Куп победници во 1996 година кога со 1:0 го победија Рапид.