Пустина.
Никола Анелка трча по еден пат поделен на два дела.
„Не го прави тоа што сум го правел јас, ќе си навлечеш душмани. Дали ќе оддолееш на искушенија? Не знам. Ќе можеш ли психолошки да поднесеш? Не знам. Сакаш да бидеш како мене? Ти не си јас“, вели Анелка во кадарот со кој почнува документарката: „Анелка, несфатениот“.
Нико освои практично се: Лига на шампиони, Европско првенство, 2 пати Премиер лига, Серија А, но во текот на целата кариера го следеа скандали.
Netflix ги скоцкал сите во хронолошки ред.
Анелка раскажува сам а во документарецот за него зборат и Анри („Никола е еден од најдобрите стрелци“), Погба („Нико ми е како постар брат, он секогаш ме советува“), Евра, другар од детството на Анелка како и Арсен Венгер, Дрогба, глумецот Омар Си, новинари и други поранешни играчи.
ГЛАВНОТО СИЖЕ НА КАРИЕРАТА КОЕШТО АНЕЛКА ГО РАСКАЖА ВО ФИЛМОТ:
- Во Арсенал ги спремил торбите и тргнал да си оди, ама го застанал Венгер;
- Во Реал Мадрид војувал со клубот, му сметала популарноста и бил во конфликт со медиумите;
- Кога се врати во Англија на еден меч покажа анти-семитски гест на свој поранешен тренер при прослава на гол (но Никола го негира еврејскиот подтекст;
- Направи голем скандал во репрезентацијата на Франција на Светското 2010 кога го избркаа од базата сред Мундијал;
ВО ДЕТСТВО СЕ ДРУЖЕЛ СО ГЛУМЕЦОТ ОД ФИЛМОТ „1+1“, А ВО ГРАД ИЗЛЕГУВАЛ СО ДРЕС
Анелка е растен во Трап, предградие на Париз. Неговите родители работеле во образование. „Ние не бевме сиромашни, но не живеевме ни раскошно. Родителите многу работеа. Имав преубаво детство. Горд сум што растев во предградие“, вели Анелка.
Најдобар другар во детство му бил Омар Си, еден од најпознатите француски актери подоцна кој се прослави со филмовите „1+1“, „Шоколад“ и „Х-Мен: Денови од идното минато“.
„Цело време го поминувавме заедно: во двор, дома, во школо, исто: филмови, музика, фудбал“, се сеќава Омар.
На 8 години Анелка почнал да игра за клубот Трап од предградието и уште тогаш викал дека сака да стане ѕвезда. Дури и на излегување, на гости излегувал со дрес.
На 13 години веќе оди во академијата на сериозниот Клерфонтен и заминува од дома. Во документарецот им вика на синовите: „Ти сега имаш 10 години, скоро 11. Замисли дека за две ипол години си одиш од дома, веќе не спиеш тука“, му вели Анелка на помалиот син.
Во Клерфонтен Никола Анелка е запознал со Анри и брзо напредувал. Уште на 16 години тренирал со првиот тим на ПСЖ, а пар пати дури и влегол од клупата за резерви во Лига 1.
Во 1996-та година на 17 го дава првиот гол за Парижаните.
НА 17 ГОДИНИ ВО УШТЕ ПОДАЛЕЧНА СРЕДИНА
Пари Сен Жермен во '90-те години имаше јака екипа која што го освои Купот на Куп победници. Тогаш во составот беа Џоркаеф, Веа, Леонардо, Жинола и други.
За тоа време Анелка дава нестандарден совет:
„Ако сакаш да успееш, никогаш не мисли кој е подобар од тебе. Понекогаш ги слушам младите викаат: 'Да, он е многу јак, многу јак! Тие никогаш нема да успеат ако така зборуваат. Јас никогаш не би рекол: „Овој дечко е појак од мене“. Дури и ако тоа е вистина. Невозможно е“.
На 17 години Никола решил да отиде уште подалеку од дома - во Арсенал. Венгер праќал скаути а после лично самиот зборувал со младиот Анелка, но проблем било тоа што според француските закони 17-годишен играч треба да потпише договор само со матичниот клуб до своето полнолетство. Тогаш луѓето од Арсенал го искористиле правилото Босман за слободни трансфери во Европа. Се разбрале и со Лига 1 и со УЕФА.
Во ПСЖ немаше да игра. Анелка за тој период вели „Заслужив повеќе. Имав знаење“.
А Тунижанецот Селим Бенашур со кој играа во ПСЖ додава: „Он беше прв играч кој помисли да го отера ПСЖ по ѓаволите“.
Поранешниот директор на Canal+ Карим Неџари рекол дека само генијалци веруваат толку многу во себе. „Тоа е како Ван Гог во уметност: ако генијалецот не верува во себе, тој нема да се изрази себе“.
АРСЕНАЛ
Но и по кратко време во Лондон, еднаш ги собрал работите и одбивал да влезе во игра. Венгер го убедил да остане. Никола признава дека преселбата во Англија му била тешка.
„Прво му беше тешко. Он беше прав париски дечко кој преку ноќ се најде во англиска средина“, вели Арсен Венгер.
Нова земја, нов клуб, нов менталитет, па за адаптација му помагал Патрик Виера кој тогаш го носел на тренинг со кола. Анелка уште немал возачка дозвола. Во првите месец дена францускиот напаѓач воопшто не играше, а потоа Венгер му даваше шанса одвреме на време од клупата.
„Он дојде со помисла дека е голем играч. Така е често со младите. Но видов дека му фали зрелост и моќ: Никола често ја губеше топката, не беше многу корисен на терен“, се сеќава Венгер.
Анелка не очекувал таков развој. Тој сомневал дали постапил правилно кога потпишал со Арсенал. Веќе му пукнал филм пред последното коло против Дерби Каунти.
Во автобус седеле сите играчи освен Анелка Венгер отишол до неговата неговата хотелска соба и видел како Никола ги пакува куферите. „Што правиш ти!?“, Анелка му одговорил дека не му се доаѓа на мечот. На Венгер му требало 20-30 минути да го убеди да остане во Арсенал. „Тренерот кажа: „Потруди се и тоа ќе донесе плодови“, се сеќава самиот Анелка.
На дуелот со Дерби Анелка во игра влезе уште во 9' минута наместо повредениот Мерсон и имаше 2 асистенции.
Тој меч изменил сè. Французинот почуствувал поддршка од Венгер, а во следната сезона стана стандарден играч на Арсенал кој му избега 13 бода на Јунајтед, го освои ФА Купот и Лига Купот на Англија.
ВО ШПАНИЈА МРАЗЕЛ ПОПУЛАРНОСТ И СЕ КАРАЛ СО НОВИНАРИ
После две ипол години во Лондон, Анелка потпиша со Реал Мадрид, сонот на секој фудбалер. Арсенал прво не сакал да го пушти, но пресудила желбата на Реал Мадрид иако Лацио и Јувентус нуделе повеќе пари.
Во еден момент шпанските медиуми почнале да го критикуваат опкружувањето на Анелка, дека се алчни и дека има семеен клан. Пишувале дека се за неговата кариера решаваат неговите двајца браќа.
„Реал Мадрид е еден од најдобрите клубови на светот и кога тебе тука те викаат, не доаѓаш поради пари, туку затоа што тие седум или осум пати ја освоија Лига на шампиони. Овој клуб е број 1“, рекол Анелка на промоцијата.
Мадрид мошне гласно го проследи доаѓањето на новиот шпиц. Многу камери, новинари, репортери.
„Сфатив што значи да се биде ѕвезда кога преминав во Реал. И го замрзев тоа“.
Сè почнало уште од првиот тренинг. После прес-конференцијата Анелка отишол во соблекувална, но таму еден играч од старт му рекол: „Ова е мое место“. Кога Анелка се префрлил на другото, друг му го рекол истото. И така 20 души. Новинарот Неџари кој разговарал со Анелка вели дека Нико многу тешко добил опрема за првиот тренинг.
„Помислив што ли правам тука?! Тука непријателски ме примија. Од тој ден почна кошмарот. Имав притисок уште од почеток. Знаев дека шпанските весници, Marca секој ден го имаше моето име и слика на насловна“, се сеќава Анелка.
Дебито не се гледаше, а гол немаше повеќе од пола година. „Играта не ми легна. Немав личен живот. Ништо не можев. Имаш 20 години а веќе ни на улица не ти е убаво: секоја работа ти ја коментираат. Сите твои постапки следен ден се во весник“.
Во шок му биле дури и родителите. Новинарите му дежурале на Анелка пред врата, па морале прозорите да ги покриваат со завеси.
Никако не можел да го среди односот до медиумите и се повеќе се криел. Еднаш го викнале во канцеларијата на Marca а тој прифатил да даде интервју. Одиграле со новинарот еден меч на FIFA, а Анелка дал гол против Атлетико во виртуелна игра.
Следниот ден весникот излегол со наслов „Прво дерби, го даде првиот гол“, со доза на иронија и сликата на Анелка како игра на Сони.
Кога првпат отишол подалеку со екипата, на Светското клупско првенство во Бразил, Анелка дал три гола на турнирот на три меча. Немал притисок од новинарите таму.
Во февруари играл против Барса од почеток и постигна гол а следниот меч доби пола од минутажата, потоа воопшто и пак се врати на клупа. На следниот ден дошол со желба да разговара. Му одговориле дека нема што да се зборува, мора да се тренира.
„Тоа не ми се допадна. Помислив вие лошо се однесувате со мене. Тогаш и јас лошо ќе враќам. Направив конфликт иако сакав само да разговарам. Имав карактер на дете од улица, не бев мирен. Војна е војна“: