Очигледно дека претседателот на Барселона Хозеп Мариа Бартомеу и управата на клубот го преценија портфолиото на Роналд Куман.
Во него стои дека освоил три титули во холандската Ередивизија, два холандски Купа (штит на Јохан Кројф) и Копа дел Реј. Ништо импресивно за да стане тренер на Барселона.
Но Куман секогаш бил храбар да преземе ризик, па дури и сега кога му одеше најдобро во кариерата како селектор на Холандија. Иако во мај годинава доживеал срцев напад од кој се опорави, 57-годишниот Куман не се плашел да преземе голем притисок на „Камп Ноу“.
„Во животот добиваш можности и ги грабаш, таков сум јас. Факт е дека светот на фудбалот е таков. И јас сум од оние што одат по него“, изјавил Куман во 2007-ма кога го напушти ПСВ.
Во Англија стана тренер на Евертон ама освен што се изнатроши пари на празни трансфери, не освои ништо. Во Шпанија отвори граѓанска војна во соблекувалната на Валенсија и беше молен од противничките навивачи да остане зошто Валенсија беше во колапс под негово водство.
Иако како играч, Тинтин (така го викаат во Каталониј) остана запаметен како добар фудбалер, изгледа дека е оправдан скептицизмот околу работата која што цел живот ја чека.
Куман е искусен - во последните 20-ина години имаше 10 работни места но исто и толку разочарувања во Валенсија, АЗ Алкмар, Феенорд, Саутемптон, Евертон итн.
На „Местаља“, место познато како жестоко ако работите не тргнат како треба, Куман го замени Кике Санчез Флорез во ноември 2007-ма. За кратко време испадна од Лига на шампиони и не успеа да се квалификува ни во Куп на УЕФА.
Во ЛШ на 3 меча ја водеше Валенсија во групна фаза и на 3 меча не дадоа ниеден гол. Победи само на еден од првите осум натпревари а екипата не постигна гол на шест меча по ред!
Кога Валенсија го отпушти Кике Флорес, тимот беше на 4 поени зад лидерот, а во тоа време во составот беа Давид Виља, Жоакин, Давид Силва и Хуан Мата.
Куман со големи проблеми во соблекувалната (во прв ред со Давид Албелда) успеа да ја победи Барселона во полуфиналето на Копа Дел Реј и после да го освои Купот што Каталонците уште го паметат.
Тоа беше прв триумф на Валенсија во Кралскиот Куп од 1999-та година, но навивачите и натаму не го сакаа Куман. А ни играчите. Жоакин изјави дека тактиката на Холанѓанецот е играчите да трчаат наоколу како безглави кокошки, а Раул Албиол додаде дека соблекувалната е како погреб.
АНГЛИЈА И САУТЕМПТОН
Една година во АЗ Алкмар и три години во Феенорд му овозможија да добие договор во Саутемптон како наследник на големиот Маурисио Почетино. Екипата беше распрскана и Куман одново се коцкаше.
Во неговата прва сезона премиерлигашот заврши седми предводен од Садио Манне, Душан Тадиќ и Грациано Пеле. Во втората сезона со Куман на клупа, Саутемптон заврши шести и заслужи големо внимание.
„Куман е голем тренер и пријатна личност. Кога беше во Саутемптон сите во клубот го сакаа. Лесно беше за младите играчи, за нас и за мене посебно зошто ми помогна многу и затоа сум тука каде што сум денес благодарение на него. Ми даде многу шанси и среќен сум поради тоа“, изјави Садио Мане за Скај Спорт во 2016.
Откако навивачите веруваа дека Саутемптон ќе може да стане она што стана Лестер, да се бори за место во големата четворка, Куман реши да замине. Кога сите мислеа дека ќе се врати во Валенсија, тој се реши за Евертон и ги збуни луѓето од Саутемптон.
ЕВЕРТОН
Во првата сезона во Ливерпул тој заврши седми со Евертон, играше во Европа и потроши чудо пари (140 милиони фунти) за засилувања. Меѓу другите дојдоа Гилфи Сигурдсон и Дејви Класен а замина Ромелу Лукаку.
Во октомври 2017-та, цели 16 месеци по доаѓањето на Куман во клубот, Евертон изгуби 5-2 од Арсенал и падна на 18. место во лигата со само 2 победи на првите 9 меча од сезоната. Му ги спакуваа куферите и го отпуштија.
Откако во 2000-та година замина од улогата помошник тренер во Барселона, сега конечно ја доби животната работа - главен тренер на Каталонците. И пак се коцка, како и секогаш во кариерата. Или ќе добие или ќе изгуби, останува да се види. Договорот со Барселона ќе важи до 2022 година.
Куман беше права играчка легенда на Барселона. За тимот од Каталонија одигра 264 меча, постигна 88 гола и освои 10 трофеи.