И второто полуфинале на ЛШ заврши без изненадување: Баерн комфорно го доби Лион со 3:0, а играч на мечот беше Серж Гнабри, еден од најдобрите светски фудбалери во моментов.
Вториот гол на Гнабри беше одбиена топка по шут на Левандовски, а првиот беше фантастичен еврогол во негов стил: Серж прими една топка на десно крило, тргна кон центар и распали со лева во подалечен агол. Негово препознатливо дело.
****
Сезонава Серж Гнабри постигна 9 гола во Лига на шампиони од кои повеќето беа во тој стил. Тоа не е ништо ново за него. Цели 6 години го вежбал тој потег како мал на еден терен во местото Вајсах близу Штутгарт. Тренинзите му биле под строг надзор на татко му.
„Он ме учеше да дриблам, а и да шутирам по промена на страна во подалечниот агол. Го повторував тоа илјада и илјада пати и така од 9 до 15 години. Татко ми викаше: 'Серж, ако научиш правилно да го изведеш ова движење, ќе се изнадаваш многу голови.
Изведував идеален шут и тој бараше да го повторам одново. Татко ми како да ја предвиде иднината: сега тоа движење е едно од моите главни карактеристики. Го сечам аголот и шутирам, тоа ми е мускулна меморија веќе“, раскажал еднаш Гнабри за The Players' Tribune.
ДЕТЕ ОД МЕШАН БРАК
Немало шанса да прескокне тренинг или да го прескокне шутот. Татко му не давал зошто сметал дека детето од татко од Брег на Слонова Коска и мајка Германка не смее да се опушти.
„Ако сакаш да те примат, мораш да работиш двојно повеќе. Да не им дадеш шанса да помислат дека си мрзлив“, му викал Жан-Херман.
Инаку Жан Херман е нетипичен мигрант. Дошол во Германија за да учи јазик. Планот му бил едноставен: со научен германски планирал да се врати во Брегот на Слонова Коска и да го предава како странски јазик во школите. А зошто баш германски? Затоа што Германија и ден-денес, а и во тоа време била во Топ5 земји со кои најмногу тргува африканската земја: дури 7,1% од економскиот обрт Брегот на Слонова Коска го има со Германците.
Во секој случај, Жан-Херман не се вратил во татковината: ја сретнал Биргит и се вљубил во неа. Серж Гнабри се родил како резултат на таа љубов, во Штутгарт, но детството го поминал во Вајсах каде играл за локалниот тим.
„Често сакав да бегам од тренинг. На 15 години сакав да се шлаам со другарите, да одам во кино, да водам нормален живот. Но длабоко во срцето сакаш да го исполниш сонот. Како мал ти треба некој кој ќе ве потсеќа што е потребно за тебе. Да не вежбав со татко ми, никогаш немаше да успеам. Не само за тренинзи и фудбал, туку општо со мене како личност“, се сеќава Серж на детството.
Новинарите ги интересирало како татко му бил толку посветен на фудбал. Кога Серж премина во Вердер Бремен, во медиумите се појавила приказна дека Гнабри-постариот на времето играл за репрезентацијата на Брегот на Слонова Коска, но Серж демантирал одлучно.
„Не знам од кај дојдоа тие гласини. Тоа е просто лага, он никогаш не играл во професионален фудбал. Секако за него ќе било чест да игра за репрезентација но тоа не е вистина“, вели фудбалерот во интервју за клупскиот сајт.
Најважната лекција од родителите што ја добил не е поврзана со спорт. Кога Гнабри како голем талент премина во Арсенал, почнал да заработува повеќе од татко му и мајка му. Парите брзо му удриле во глава: тој трошел по 600 фунти на гардероба, на скапи часовници, на патики.
„Тоа беше последна капка за родителите што ја прелеа чашата. Чувствуваа. Ги памтам зборовите на мајка ми: „Серж, знаеш, не можеш секогаш вака. Не смееш да трошиш толку пари. Мора да останеш приземјен, зошто во некој момент се може да се сруши“, се сеќава Гнабри.
Така и испадна: после неколку дена Гнабри тешко го повредил коленото, паузирал цели 8 месеци а по враќањето немало место за него во составот. После следуваше ужасна позајмица во Вест Бром каде Тони Пулис сметаше дека Серж Гнабри не е доволно квалитетен играч и го прецрта.
Ама поддршката од родителите не беше прецртана.
„Во весници пишуваа дека сум мрзлив. После се што татко ми ми всади во глава во детството. Беше тешко, почнав да добивам помалку повици од пријателите, но моите родители и блиски другари никогаш не ме оставија сам“.
Во тие моменти го преоценуваш својот живот. Тие денови во паркот со татко ми. Разговорите со него, кога ми викаше дека мора да работам двојно повеќе од другите, а јас превртував очи. Зборовите на мајка ми дека нема така вечно да биде. Требаше да направам чекор повеќе за да се развивам. Одлуката да се вратам во Германија ми го смени животот“.
Серж Гнабри по краток престој во Вердер Бремен каде докажа дека врвен талент, неизбежно потпиша со Баерн Минхен. Сезонава буквално растури со голови и асистенции. Во Лига на шампиони му даде 4 гола на гости на Тотенхем, 2 на Челси во Лондон, синоќа 2 против Лион за пласман во големото финале.
Татко му Жан Херман за германските медиуми рекол:
„Среќен сум што мојот мал стана професионален фудбал и не го крева носот“. А малку фалело да тргне по друг пат како илјадници други таленти.