Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Фактура или фрактура на лицето?

Фактура на лицето еднаш, фактура на лицето два пати. А нели е наједноставно да се напише само дека ќе отсуствува поради повреда? Ај сега ќе им пратиме фактура.

Првиот човек на Токио 2020: Предолги ни се состаноците, жените многу зборуваат

Претседателот на Организацискиот комитет за ОИ во Токио, Јоширо Мори е под притисок да си поднесе оставка за изјава за која го искарале дома жена му, ќерка му и внука му.

Малер на сезоната: Азар пропуштил 43 меча поради 9 повреди и отсутен бил 283 дена

Изјавата на Самуел Ето во која му порачува на господинот Еден Азар дека ако не тренира, после 2 години ќе го заборавиме сите, полека добива на тежина.

Кам бекот на Барселона од 2:0 на 3:5

Нема година без некоја драмолетка во Куп натпреварите и тоа не само во Шпанија. Реал испадна од третолигаш уште во топ 32, каде Барса се спасуваше во продолженија исто така со третолигаш, а синоќа направи лудачки пресврт со Гранада во топ 8.

Голман на неделата во Англија кој бранеше како пајак

Гилфи Сигурдсон и Калверт-Луин беа стрелци во триумфот на Евертон над Лидс Јунајтед 1:2 на гости, ама играч на мечот беше шведскиот голман Робин Олсен кој бранеше како луд.

Монако испука топ од слободен удар

Монако ја совлада Ница со 2:1, а голот за победа го постигна Висам Бен Једер кој изведе топовски удар. Тројца играчи учествуваа во измамата на која наседнаа живиот ѕид и голманот, а мрежата ќе оди на шиење.

Пожртвуваност на колото во Премиер лига

Како се гине за тимот ќе ви покаже Тајрон Мингс од Астон Вила на мечот против Вест Хем. Потоа кутриот се здроби во гол и пушти крик кој без публика силно се слушна во пренос. 

8 секунди со голманот кој не седи мадро

Ама па и никогаш кај него не било модро, бидејќи се вика Мануел Ноер, брани за Баерн и знае како да царува и надвор од шеснаетник. На моменти е спектакл за гледање, затоа и постои ваков клип со него.

Поддржи ја иницијативата „Купи билет за спас на ФК Вардар“

Ништо не е јасно околу иднината на најтрофејниот македонски клуб кој е на апарати веројатно како никогаш до сега. Вардар е практично во моментов оставен сам на себе, без газди, па навивачите се обидуваат да го одржат во живот барем привремено додека не се најде решение.

Аталанта уште е во бунило од дриблинзиве

Го купија 4 милиони евра од Ливерпул, сега според Трансфермаркт вреди 50. Ваков плејмејкер Лацио немал од времето на легендарниот Хуан Себастијан Верон. Шпанија не смее да си дозволи таков луксуз да не го повика на ЕП. Магионичар е со топка, а ланска сезона беше втор најдобар асистент.

Мусолини ќе игра бек за Лацио

На младинците на Лацио официјално им се приклучил десниот бек Романо Флориани Мусолини, правнук на Бенито Мусолини, син на Алесандра која основала десничарска партија и оваа вест доби голем одјек во Италија.

Од кај го извади рефлексов голманот на Шефилд?

Удавениот Шефилд Јунајтед кој со 11 бода е прв кандидат за испаѓање славеше против ВБА, а пред една недела го совлада Јунајтед. Запознајте им го голманот Арон Рамсдејл. Па ова уште 100 пати да го гледате, ќе бидете убедени дека е гол. Една од најјаките одбрани на сезоната.

Аеробик во Мјанмар додека траел воен удар

Учителка по фискултура од Мјанмар, извесна Кинг Хнин Вај снимала видеo со инструкции за вежбање аеробик, сосема несвесна дека во позадина се случува историски пуч со тенкови, камиони, хаубици...

Бруно до Рики: Секогаш беше цар, твоите успеси ќе бидат и мои

Стефан Ристовски и официјално стана играч на Динамо Загреб каде друштво ќе му прави Аријан Адеми. На Спортинг му кажа збогум на емотивен начин, а убави зборови му напиша и Бруно Фернандеш.

Бомбата на Жоао Мутињо која мора да влезе во Топ5

Мечот Вулверхемптон - Арсенал од 22. коло во Премиер лигата ќе се памти по 2 изузетно глупи црвени картони на гостите и по страшниот гол на Жоао Мутињо за победа од 2-1 на Вулвси.

Крвнички старт за во затвор во 82 секунда од мечот

Младиот 19-годишен Австриец Александр Јанкевиц заигра синоќа првпат во кариерата од старт за Саутемптон. Ама во 82 секунда од мечот направи таква глупост што тешко дека во скоро време пак ќе заигра. Го однесе својот тим во нов кошмарен пораз од 9:0, втор таков во неколку месеци. А стартов е за во затвор.

Дали е нормално ова што го направи голманот на Арсенал?

Навивачите на Арсенал дефинитивно би можеле да волонтираат за некоја клиничка студија за преживеаниот стрес и нервоза. Играчите на овој клуб не само што играат топло-ладно веќе со години, туку сезонава и прават толку апстрактни потези што тоа е за неверување.

Манчестер Јунајтед - Саутемптон 9:0

Минатата сезона Лестер го понижи Саутемптон на гости со брутални 0:9, а со истиот резултат екипата на Ралф Хазенхутл доживеа кошмар и на „Олд Трафорд“ синоќа.

Махериште на колото за 580.000 денари

Три нули е човек тешко да погоди, а не па вака дека ќе води некој на полувреме. Скоро 10 бона со 100че, секоја чест мајсторе.

Најбогатиот фудбалер на светот, внук на принцот од Брунеи, игра за Маритимо

Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?

Политичко циркузантска ВАР епизода во Кувајт

Го знаете она, се игра додека не победи домаќинот? Епа во Кувајт во ситуацијава важи за гостинот, а средбата без срам и перде ја решава главниот судија кој успеа да ја победи ВАР технологијата и да си го извалка угледот за сите пари.

Крајот го краси делото

На еден полу-маратон во Барбадос, Канаѓанките Наташа Водак и Лани Марчант почнаа да слават пред финишот, ама Тоња Неро од Тринидад и Тобаго ги научи една животна лекција.

1,18 метри офсајд на португалски начин

Во понеделникот вечер Брага гостуваше кај Мореиренсе во 16. коло од португалската Примеира. Уште во 26' секунда гостите дадоа гол преку Рикардо Хорта, ама судијата им го поништи по консултација со ВАР собата.

Најчудниот црвен картон за глувонемиот Десница на мечот Реал - Ријека

Возрасните фудбалски гурмани добро се сеќаваат на сјајната генерација на Ријека која во '80-те години играла одличен фудбал и покорила неколку гиганти.