Најбогатиот фудбалер на светот, внук на принцот од Брунеи, игра за Маритимо

Уште од мал донесен во едно англиско село, да игра фудбал и да учи школо, далеку од рајскиот луксуз во Брунеи. Играл во академиите на Лестер, Челси и Арсенал и секаде го прашувале: „Што те спотера да играш фудбал кога твоите се толку богати“?

Едно сиво утро во Англија, тренерот на аматерскиот клуб Њубери, Пол Морган излегол од својата канцеларија да ги види двете 11-годишни деца во дресови на Арсенал, кои дошле на проба во клубот.

До тој момент двете деца тренирале во селската екипа Вултон Хил. Нив ги вардел Денис Волис, стар пријател на Морган кој претходно играл кошарка и дури стигнал до НБА. Волис сакал децата да тренираат во подобар клуб а Њубери бил одлична варијанта за млади таленти.

Малите имале необични имиња за Британија - Фаик и Укасиа. Високиот и мускулест Укасиа изгледал така што за него мислеле дека ќе биде прав фудбалер. Фаик бил помал и послаб.

„Кога имаа топка во нозе, јас бев воодушевен. Фантастични баратаа. Сакав да создадам што поголема екипа и да добијам прв, втор, трет состав“, раскажал Морган.

По некое време дознал дека децата живеат на место каде претходно имало хотел. Неговите деца исто учеле во селото, па лесно можел да дознае. Му раскажале дека фамилијата на Фаик го купила цел хотел за децата да живеат таму како дома.

На крај се испоставило дека Фаик бил внук на султанот од Брунеи лично (таткото на Фаик и султанот од Брунеи Хасанал Болкиах биле браќа па овој му бил чичко на малиот).

Фаик е 12 наследник на престолот а неговата финансиска состојба била проценета на околу 20 милијарди долари. 

МАЛИТЕ ДОШЛЕ ОД БРУНЕИ ЗА ДА НЕ ЖИВЕАТ ВО РАСКОШ, А ВОЛИС ДОБРО ГИ ВОСПИТУВАЛ

Денис Волис бил оженет за тетка му на Фаик, а Укасиа бил негов син. Децата уште од детство растеле како родени браќа.

Фаик се родил во Лос Анџелес а после татко му, принцот Џефри (постар брат на великиот султан на Брунеи) го пратил во Британија за да расте подалеку од целиот раскош.

Ама и во Британија Џефри поседувал мегаломански автопарк со околу 2.000 луксузни возила (Мајкл Џексон таму еднаш одржал концерт за кој добил 17 милиони долари).

Волис бил строг со децата. Сериозно ги воспитувал и им развил упорност во спортот и учењето.

„Денис им беше како телохранител. Огромен маж но многу пријатен. Ги возеше на тренинг па ги земаше. Ги гледаше на секој натпревар. После натпреварите отвораше кола а во неа имаше тон храна која Фаик им ја делеше на децата од тимот“.

Морган се сеќава и дека парите не влијаеле многу на децата, но...

„Секако, тие секогаш добро изгледаа. Се гледаше дека не носат облека од втора рака. Многу добро беа воспитани, средени и најважно работеа кон целта. Баш беа нормални деца“.

ОД ЊУБЕРИ ВО САУТЕМПТОН, АРСЕНАЛ И ЧЕЛСИ

Њубери важел за клуб во кој децата работат најмногу на техниката.

На крајот од сезоната 2008/2009 Морган договорил пријателска со младинскиот тим на Саутемптон. Њубери У11 победил, а Фаик и Укасиа ги викнале на проба.

„Фаик беше многу брз и техничар, а не беше ни малку себичен. Тоа им е важно на скаутите кои бараат играчи кои не забораваат на соиграчите. Кога Фаик одеше еден на еден тој секогаш даваше гол но редовно и асистираше пред празен гол“, додава Морган.

Дечките поминале четири години во системот на Саутемптон - од 2009 до 2013-та. Фаик играл во напад а Укасиа во среден ред. После тренирале во Рединг и во Арсенал заедно со Џо Вилок кој стана првотимец.

ВО АЗИЈА БИЛ ГОЛЕМА ЅВЕЗДА

Ако во Англија никој не знаел многу за Фаик, во Југо-источна Азија го сметале за голема ѕвезда. Навивачите врескале кога Фаик дошол со младинците на Арсенал на еден турнир Lion City Cup во Сингапур во 2013-та.

Еден период играл десно крило но и покрај брзината не бил стандарден. Пред него шанса добивале Крис Вилок и Енсли Мејтленд-Најл. Фаик го споредувале со Тео Волкот.

Двајцата другари од детство, Фаик и Усаиа се разделиле токму во Арсенал. Укасиа кој бил сметан за поголем талент го напуштил Лондон и отишол во Бирмингем каде не играл многу. Подоцна дошол во Нанитон Таун каде ја завршил кариерата во 2017-та.

Фаик патот го однел во академијата на Челси, систем во кој сериозно се развивале неговите врсници Теми Абрахам и Рубен Лофтус-Чик (денес ударни играчи на Томас Тухел во Челси).

„Неговото доаѓање беше тема на мајтап во Челси. Го викавме крал и го прашувавме: „Зошто играш фудбал ако си толку богат“?

А малиот Фаик во едно интервју одговорил:„Сакам семејството да се гордее со мене. Тоа ме мотивира. Они секогаш ми помагаат. Можам да ги наречам свои идоли. Се делам со нив и добро и лошо. А уште повеќе сакам да напредувам поради Брунеи и да ја ставам на фудбалска мапа на светот“.

Фаик живеел во интернатот на Челси и до базата одел пешки како и сите други деца. Тој правел се за да не привлекува големо внимание на себе.

„Имавме одличен однос. Сите знаеа за неговото богатство но никој не дозна од него. Тој беше многу скромен и со него добро се дружевме. Само луѓето кои не го познаваат може да имаат погрешен впечаток за него“, рекол соиграч од младинците на Челси Чарли Вејкфилд.

ФАИК БЛЕСНАЛ НА ИГРИТЕ НА ЈУГО-ИСТОЧНА АЗИЈА

На азискиот континент многу се ценат Игрите во разни спортови. Нешто како Европско фудбалско првенство на Стариот континент.

Фаик во 2015-та година играл за репрезентацијата на Брунеи У-23 на Игрите на Југо-Источна Азија. Имал 17 години но станал капитен. Живеел во ист хотел со репрезентацијата.

Како што се сеќава новинарот Гери Кох, со Фаик секогаш одел човек кој го бандажирал и му местел стегачи. Со него имал и обезбедување и личен помошник. Но Фаик не се однесувал надмено. Дури бил и најдобар играч во селекцијата. Дал гол од пенал против Источен Тимор пред татко му - принцот Џефри.

ОД ЧЕЛСИ СЕ ПРЕСЕЛИЛ ВО ЛЕСТЕР КАДЕ СЕМЕЈСТВОТО СЕ ДРУЖЕЛО СО БОГАТИОТ ГАЗДА

Фаик во 2016-та година потпишал договор со Лестер кој штотуку сензационално ја освои титулата во Премиер лига. Тоа бил негов прв професионален договор потпишан на 3 години.

Семејството Шриваданапрабха кое владее со Лестер било блиско со кралското с емејство Болкиах од Брунеи. Во 2017-та година Фаик со родителите бил дури и во Бакингемскиот двоерц каде 18-годишниот фудбалер се сретнал со кралицата Елизабета.

Младиот фудбалер на Лестер Киан Вилијамс еднаш рекол дека кога го прашале зошто игра фудбал кога неговото семејство е толку богато, тој рекол: „Сите мои браќа и сестри седат дома и ништо не прават. Јас сакам да постигнам нешто, не сакам да сум како нив“.

Фаик поминал 4 години во Лестер но ниеднаш не заиграл за првиот тим. Играл за У-18, а во сезоната 2016/2017 одиграл 5 меча за У-19 во младинската Лига на шампиони. Во 2019-та му истекол договорот и станал слободен играч.

Во летото 2020-та Фаик го напуштил Лестер и направил трансфер во португалскиот клуб Маритимо. Бекот на овој клуб Клаудио Винк има високо мислење за соиграчот од Брунеи.

„Дојде во Португалија да бара шанса. Добар играч е, многу скромен и вреден. Многу време поминуваме заедно иако јас не зборувам англиски а тој не знае многу португалски. Одличен дечко е. Може да направи голема кариера“.

Но ни во Маритимо уште не заиграл за прв тим. Има само 45 минути за младинците.

Во мај ќе полни 23 години и уште ја чека шансата да заигра сениорски фудбал.

Фаик во сите текстови за него е наречен најбогатиот фудбалер на светот иако треба да се спомене и дека тој е првиот играч од Брунеи кој носел дрес на европски професионални клубови.