На 1 февруари Хнин Вај вообичаено дошла на едно од постојаните места во главниот град Нејпјидо каде снима видеа за своите следбеници на социјални мрежи и сосема случајно била сведок на историски настан во позадина.
Додека таа покажувала вежби од аеробик и танцувала со гласна музика, зад неа драматично оди масивен воен конвој упатен кон зградата на парламентот.
Девојката го објавила видеото кое брзо се прошири по целиот свет:
A woman did her regular aerobics class out in open without realizing that a coup was taking place in #Myanmar. A Military convoy reaching the parliament can be seen behind the woman as she performs aerobics. Incredible! pic.twitter.com/gRnQkMshDe
— Aditya Raj Kaul (@AdityaRajKaul) February 1, 2021
На почетокот на февруари во Мјанмар започнал преврат. Војската ги држела под стража претседателот Вин Мјин, неговата советничка Аун Сан Џи (лауреат за Нобелова награда за мир) и други раководни лица од нивната партија.
Фактички власта во моментов ја презел главниот командант на вооружените сили на Мјанмар, Мин Аун Хлајн.
Инструкторката која случајно го снимила историското видео, во вторник на Фејсбук напишала дека таа многу пати снимала вежби на тоа место.
„Колку хармонично одговара музиката со позадината. Јас го снимав видеото за танцов аероби уште пред да ги слушам вестите (за превратот) сабајлето. Ова ќе биде незаборавно сеќавање“.