Учителка по фискултура од Мјанмар, извесна Кинг Хнин Вај снимала видеo со инструкции за вежбање аеробик, сосема несвесна дека во позадина се случува историски пуч со тенкови, камиони, хаубици...
Годината е 1985, а Советскиот Сојуз решава сериозно да се позанимава со здравјето на своите жители. Една од мерките се и телевизиски програми со вежби по аеробик и ритмичка гимнастика. Меѓу нив е и епизодата со балерината Лилија Сабитова, нејзината весела дружина и ужасна (холандска) музика од 80-те.