Младиот 19-годишен Австриец Александр Јанкевиц заигра синоќа првпат во кариерата од старт за Саутемптон. Ама во 82 секунда од мечот направи таква глупост што тешко дека во скоро време пак ќе заигра. Го однесе својот тим во нов кошмарен пораз од 9:0, втор таков во неколку месеци. А стартов е за во затвор.