Манчестер Јунајтед го искористи глупавиот потег на неискусниот играч на гостите, 19-годишниот Александр Јанкевиц кој против Астон Вила влезе пред крајот, а синоќа со Јунајтед заигра од старт. Швајцарецот ниеднаш не ја фати топката а во 82 секунда страшно му влезе на Скот Мектоминеј.
Саутемптон во еден момент од натпреварот остана со 9 играчи во поле: пред крајот на мечот и Јан Беднарек доби црвен картон па Манчестер даде уште 3 гола.
Тоа му ја олесна задачата на домаќинот кој тргна јуришно против гостинот кој дојде без 9 првотимци и принудно со подмладен состав. 4:0 на полувреме.
Новинарот на МЕН, Сем Лекхерст раскажа дека во 81' минута Солскјер им викал на своите играчи: „Давајте уште голови! Има уште десет минути“. И тоа при резултат 9:0.
За Манчестер Јунајтед ова е израмнување на својот рекорд од март 1995-та кога со 9:0 настрада Ипсвич.
Синоќа дури 7 разни играчи на „црвените ѓаволи“ дадоа гол (без автоголот на Беднарек). Ова е повторување на рекордот на Челси од сезоната 2012/2013 против Астон Вила (триумф 8:0 со 7 различни стрелци). Маркус Рашфорд синоќа го надмина Ерик Кантона по бројот на голови за Јунајтед (83 има Маркус, 82 Французинот). Дејвид Бекам има 85 и е пред него.
Гостинскиот тренер Хазенхотл после мечот дозна од новинарите дека никој во историјата на англиската лига не изгубил два пати по 9:0.
„Што можам да кажам? Ова е кошмарно, но ние станавме после првиот пораз од 9:0 и сега треба одново да се кренеме. Тогаш реков дека такво искуство веќе нема да ни се случи, ама ако се случи мора да го прифатиме“.