Offside

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

Топол пречек за нашите олимпијци со „Напред Македонија“

Македонската олимписка експедиција пристигна во Јапонија, а домаќините на Летните игри не пречекаат баш како прави домаќини. Подготвиле симпатично видео со поддршка на македонски јазик.

Деби голот на Елмас на летните подготовки

Само 4 минути му беа потребни на Елиф Елмас со погодок да стартува на подготвителните средби за новата сезона. Новиот тренер Лучано Спалети му даде шанса во прв тим, а македонскиот репрезентативец тоа го искористи против нисколигашот Баса Ауниа.

И после Катар ќе бил домаќин на Светско

На пријателска против Гренада, инаку селекција од Карибите, фудбалерите на Катар покажаа како НЕ треба да се игра два на еден со голман.

Хет-трикот на Дарко Панчев против Австрија

Фејсбук страната која се занимава со историјатот на југословенскиот фудбал, знае да освежи со стари и историски снимки меѓу кои има и по некои подзаборевени. Само три месеци после Мундијалот во 1990, Панчев покажал дека треба да добива поголема минутажа во Италија.

Цепелин на Андетокумбо во последниот напад за целосен пресврт на Милвоки

По пауза од 50 години, кошаркарите на Милвоки Бакс се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА. По загубените две средби, Бакси сега водат 3:2. Крајот беше драматичен. Феникс испушти напад за победа.

Меси влезе во ресторан во Мајами, ама едвај излезе

Понекогаш и не е лесно да си Лионел Меси. По долгата и макотрпна сезона која по клупските му продолжи со репрезентативни обврски и ја освои Копа Америка, Меси замина на одмор. Велат дека вечерал на раат со семејството, ама кога стана да си оди налет јадењето.

Навивачот кој ги има доживеано сите светски и европски титули на Италија

Во 1934-та година фудбалската репрезентација на Италија го освои Мундијалот. Тоа им е прв трофеј. 87 години подоцна си заминаа со трофеј од Вембли. Има Италијанец кој е жив сведок на цела таа историја.

Кристијан ај жонглирај на суво подобро

Напаѓачот на Челси, Кристијан Пулишиќ има 22 години, сосема недоволни за да си игра вака во длабокото. 

Ѕвезда од НБА се обидел да купи вакцини за цела БиХ

Голем број на Босанци го загубија животот во битката со Ковид 19, па во обид да помогне, се ангажирал Јусуф Нуркиќ од Портланд кој загубил роднини меѓу кои и баба му.

Како Меси и Барселона го обновија новиот историски договор

Каталонците треба и официјално деновиве да стават крај на сагата со Меси околу неговото останување. Клубот скоро сигурно ќе ја соопшти веста следната недела, откако адвокатите ги разгледале условите на зделката, пишува Марка.

Најдобриот тениски осврт е дело на Горан Иванишевиќ

Можеби не сте знаеле дека Горан Иванишевиќ, актуелен тренер на Ѓоковиќ е единствениот тенисер кој успеал да го освои Вимблдон со вајлд карта. А? Или сте знаеле? А пресов на УС опен му го знаете? И како ли го превел ова преведувачот?

Бомбите за Перез кој плука на големо по легенди на Реал Мадрид

Првиот човек на Кралевите деновиве е мета на голем скандал во Шпанија кој се открива во делови. Се појавија телефонски разговори во кој удира силно по славни имиња кои ги донесоа трофеите во клубот и тоа пазете против Раул, Касиљас, Фиго, Кристијано Роналдо, Дел Боске, Мурињо...

1 минутно исчекување за последниот свиреж на Копа Америка

Јужноамериканците имаат посебен однос и страст за фудбалот, посебно кога се бие битка за трофеј во натпреварување како Копа Америка. Па уште Бразил и Аргентина во финале, која инаку три децении ја биеше малер за трофеј.

Роденденска честитка од Меси за 100 годишниот Хернан кој во тефтер му ги запишува головите

Еден од најстарите навивачи на Меси се вика Дон Ернан, има 100 години, нема контакт со технологијата, ама има своја книжна Википедија во која бележи посебна статистика за еден од најголемите фудбалери.

Финалето на ЕП, во САД било гледано повеќе од НБА финалето

Американците излегоа со статистика која и самите ја нарекоа луда, кога направија споредба во гледаноста на двете финалиња. Популарноста на МЛС си го направи своето.

Запознајте ги нашите хеори со Изворска

Кампањата го носи насловот “Ова се нашите Херои!” и преку сите промотивни канали на компанијата Кожувчанка ДОО, цели 2 месеци ќе имаме можност да го запознаеме секој репрезентативец посебно, да дознаеме интересни работи за нив, со повик за заедничко бодрење на престојното Првенство во септември.

Се жени европскиот првак, одиме цел град на свадба

Само 48 часа откако го совлада Пикфорд во пенал серијата во финале на ЕП, Федерико Бернардески се ожени и направи нова фешта во Италија.

Коментаторот на радио Раи 1 кога Италија стана шампион

И Италијанците имаат свој Тони, кој пука од емоции и не може да доседи на столче кога ќе го слушне последниот свиреж на судијата. Делуваше како да е на граница да заплаче. 

Одлично поентирање за Англичаните

Или поточно одлично поентирање за прецизноста на Англичаните, кои и четири дена после поразот во финалето на Вембли, глава не можат да кренат од тролање.

Бејзбол навивачка на денот

А? Можете ли вие вака? Ајде со гифчиња да ве видиме.

Лудата рампа на Јанис, клучна за 2:2 во НБА финалето

На водството од 2:0 на Феникс, кошаркарите на Милвоби Бакс одговорија во голем стил и со две добиени партии на домашен терен го израмнија резултатот и ја разгоријата битката за титулата, која постои големи шанси да се одлучива со мајсторка.

Видовте ли каков гол прими Тринидад и Тобаго?

Ај ова циркузов со топката која одеше по линија и нерви, него тој со клизачот што стори дали е свесен? Пацерскиот обид за гол на крај во асистенција му се претвори. Тринидад и Тобаго - Ел Салвадор конечни 0:2 со еден од најциркузантските голови на годината.

Ѕвезди кои нема да настапуваат на Олимписки Игри во Токио

На 23 јули во Токио стартуваат ЛОИ 2020 (годината останува од лани кога првично требаше да се одржи Олимпијадата). Во Јапонија ќе се соберат најдобрите од секој спорт, но има и големи ѕвезди кои ќе го пропуштат турнирот од разни причини.

Некои во авион дознаа кој станал европски шампион

Авионски лет од Порто до Бергамо. Додека милијарди ширум светот го гледаа финалето на тв, некои во тоа време се затекнаа во авион. Во еден момент капетанот соопштува дека Италија е европски шампион и во авионот настанува делириум.