Јасикевичиус кој од лани ја води Барселона, често добива прашања од шпанските новинари, од типот дали каталонскиот тим има капацитет да се носи со притисокот, дека треба да ги освои првенството и Евролигата.
Внимавајте каков одговор дава и колку големо значење му дава на клубот во кој вели дека треба да се привилегирани сите што се дел од него.
„Немаат сите можност да играат за Барса. Да, постои притисок, ама пријателе, што би рекол некој кој во моментов, во сред пандемија, не може да најде работа?
Е тоа е притисок. Ние? Па поголем дел сме милионери. За каков притисок зборуваме? Тогаш да одиме во друга екипа.
Цел живот работиме за да стигнеме до Барселона и да го имаме овој „притисок“. За да можеме да победиме на осум меча по ред. Ова е луксуз, за каков притисок зборуваме? Ние сме најсреќните луѓе во светот“.