Сè проаѓа, сè се менува, само глупоста на Балотели останува

Веќе заборавен од европската јавност, Марио Балотели сезонава игра во турскиот прволигаш Адана за кој на 17 меча дал 6 гола. На мечот со Галатасарај (2:0) во вторникот вечер кога неговиот соиграч Јунус Акѓун кој ги даде двата гола за Адана, Балотели му честиташе на негов својствен, идиотски начин.

Инаку ова не било нималку спонтана зафрканција, зошто за малку ќе го расечел неговиот колега по челото со крампоните од копачката. Минатото лето во бес удри еден колега зошто го смениле во второ полувреме. 

22 декември 2021 - 15:37