Лизгачки старт во Холандија кој покажува зошто ВАР знае да заврши работа
Се работи за мечот ПСВ - Го Ахед Иглс кој синоќа заврши 2:0 и на кој ако не постоеше ВАР, судијата ќе направеше голема грешка. На прва проценка вели чист старт на топка, а коментаторот му се смее. Потоа на ВАР сфатил дека гостинскиот фудбалер не ја пипнал топката и му извадил црвен картон.