Манчини за шансите за Светско 2022: „Сами сме криви, сега ќе треба да завртиме ракави“

На 24 март 2022 година на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, Италија ќе ја пречека македонската фудбалска репрезентација во полуфинале на баражот за пласман на Светско првенство 2022 во Катар.

Селекторот на европскиот шампион кој пред само неколку месеци одигра најубав фудбал на Евро2020 вели дека тој останува оптимист и покрај тоа што Италија имаше неуспешни квалификации и заврши втора зад Швајцарија која оди директно на Светско. Аѕурите ги чека плејоф.

„Направивме нешто неверојатно, направивме милиони луѓе среќни, тоа е најдобро нешто, нешто на што сме горди. Но Европското е зад нас, сега мора да мислиме на нешто друго“, вели Манчини за Скај Спортс.

Аѕурите имаа најмалку два чисти зицери да обезбедат директен пат на Мундијалот но не ги искористија. Кикснаа со Швајцарија дома (промашен пенал за победа), со Бугарија дома (1-1) и со Северна Ирска на гости (0:0).

„Да, тоа е фудбалот, тоа е спортот. Понекогаш заслужуваш да победиш, а некогаш не. Ние заслуживме да ја завршиме работата многу порано. Но сами паднавме и сега треба да ги завртиме ракавите и да направиме голема работа во два натпревари“.

Манчини повторно бил прашан и за евентуален повик на Бразилецот кој има италијански пасош, шпицот на Каљари Жоао Педро кој игра во одлична форма веќе неколку сезони во Серија А.

„Тој игра во Италија долги години, сите знаеме дека има високи технички квалитети“.

За Ѕаниоло и дали му се допаѓа како играч:

„Да. Има многу играчи кои може да напредуваат многу и за мене е многу важно да одиме на Светско првенство зошто мислам дека има 10-12 играчи кои може многу да напреднат на Светско, ако отидеме таму“.

24 декември 2021 - 13:43