Само Рамос може да влезе во второ и да направи два жолти за 5 минути

Со гол во последните секунди од мечот Мауро Икарди спречи втор пораз на ПСЖ во француската Лига 1 во мечот со Лориен на кој Серхио Рамос во рок од 5 минути доби два жолти картони и беше искучен иако влезе во игра на стартот на вториот дел во 46’ минута.

Рамос повеќе од 6 месеци беше отсутен поради повреда а во првите 130 минути одиграни за ПСЖ веќе собра неколку жолти картони и 1 црвен. Рамос добил 25 црвени картони во кариерата и по тоа е рекордер во историјата на европскиот фудбал пред Французинот Сирил Руљ, кој добил 25 црвени картони во кариерата.

Апсолутен светски рекордер е Колумбиецот Херардо Бедоја кој добил 46 црвени картони и бил исклучен.

 

23 декември 2021 - 10:45