Лацио сезонава игра приближно како и лани, топло-ладно. Под водство на новиот тренер Маурицио Сари небесно-сините се на 8. место на табелата со -15 бода зад лидерот Интер и -7 бода од зоната која води во Лига на шампиони следна сезона.
Освен тоа тифозите на Лацио, долго време незадоволни и фрустрирани од тоа како двоецот Лотито-Таре го водат клубот, сега на заб го фатија стоперот Франческо Ачерби, главен одбранбен играч на тимот.
На мечот со Џенова, стоперот на италијанската репрезентација постигна гол на „Олимпико“ и неочекувано го прослави со прст преку носот во знак на замолкнување до навивачите. Наводно му засметале некои коментари дека тој не се снаоѓа баш најдобро во системот со 4 позади кој го форсира Маурицио Сари наместо со 3 кој со години успешно го имплементираше Симоне Инзаги (сега лидер со Интер во Серија А).
Ачерби, како и цел Лацио игра бледа сезона.
Очекувано, ваквиот гест на стоперот ги разбеснил тифозите собрани во групата Irriducibili. Ачерби отишол уште подалеку па на новинарски прашања рекол: „Сеедно ми е, тоа е дел од нашата работа“.
После неколку дена им се извини на навивачите на видео на Инстагран но веќе беше доцна. Не сакаат да помислат да му простат за гестот кој ги разгневи.
Навивачите од Curva Nord (северна трибина) по гостинскиот меч со Венеција (1:3 за Лацио, Ачерби пак даде гол) каде го навредуваа Ачерби, објавија агресивно соопштение во кое бараат од него „неодложно да си оди од клубот под итно“. Причина за тоа била што додека повеќето играчи дошле до трибината во Венеција да ги поздрават лацијалите, Ачерби не само што не дошол да се извини, туку ладнокрвно прв си отишол во соблекувална.
„Ачерби, маж без чест, под итно да го напуштиш Рим! На предавниците не им се простува. Ова не е само слоган, оваа фраза значи многу повеќе. Таа значи дека навивачите се повредни од играчите, а нашето знаме е светост“, му порачале тифозите и додале:
За жал, денешната генерација играчи премногу се навикна на ова и никогаш не видела протест од навивачи. Протестиравме против Кинаља, протестиравме против Неста и Михајловиќ - прави симболи на нашиот клуб. Одевме во тренинг центрите на Рома и Лацио зошто и други многу почесни играчи покажуваа непочит кон нас.
И сега да го занемариме однесувањето на играчот кој покажа презир кон цела навивачка група? Ачерби сакаше да не замолкне после повеќемесчна поддршка до конечна победа. (После мечот со Венеција) Имаше прилика машки да ни се извини кај гостинскиот сектор.
Наместо тоа, тој замина додека другите играчи ни благодареа за поддршката. Отстапи кога имаше доволно искрени причини за извинување. Тоа што Ачерби е важен за екипата не ни значи. Затоа од денес не ни е драго да го гледаме Ачерби во Рим. Додека е тука ќе биде исвиркуван на секој натпревар! Ачерби губи се!“, стои во соопштението.
Вистина е дека играчите на Лацио споменати во соопштението навистина имале големи проблеми со ултрасите. Напаѓачот Џорџо Кинаља кој бил движечка контроверза и врвен центафроф, во 1976-та година го напуштил клубот поради тоа што тифозите на Лацио и Рома постојано го тревожеле него и неговото семејство. Но подоцна ги смириле страстите и барјак со негов лик често може да се види на Curva Nord.
Легендарниот Алесандро Неста не му угоди на северот на „Олимпико“ зошто во 1994-та година на еден тренинг тешко го повредил Пол Гаскоњ и се спречкал со Англичанецот кој беше боженство за тифозите. Неста имаше и проблеми кога подоцна како капитен на тимот од Рим замина во Милан за многу богат трансфер.
А Синиша Михајловиќ пред Лацио играше за Рома, па и покрај тоа се избори за уважување кај навивачите на бјанкочелестите.
Ачерби игра за Лацио од 2018. година. Во 2013-та Ачерби боледувал од тешка болест, но успеал со неколку оперативни зафати да се опорави, да закрепне и да се врати на терен. Со Лацио играше во Лига на шампиони а стана и репрезентативец на европскиот шампион Италија.