Offside

Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.

Дај тргнете ја пречката кога играат тие, нема смисла

Не за џабе рекле од трета мајка. И тоа најјакото е што драмата се случува во судиско и тоа пак не успеаа да ја затресат мрежата, а победија.

Ноле пак ли судијата?

На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.

Навивачката пратња на Аталанта

Што е со оваа Аталанта? Завршија трети со повеќе голови од Јуве и пласман во четвртфинале во ЛШ и тоа уште во деби настапот. Сезонава пак ги здробија сите први три противници, ама убедливо во нивен стил. Лацио 1:4, Торино 2:4 и Каљари 5:2.

Станковиќ го научи Ферара како се изговара Црвена Звезда

Чиро Ферара не се снајде баш најдобро на извлекувањето на групите за Лига Европа и заглави кај Црвена Звезда. Но Дејан Станковиќ како нивен тренер направи добар штос и му се јави од соблекувална, а белградскиот тим видеото го објави на социјалните мрежи.

После 27 години во клубот, Арсенал ја отпушти маскотата поради кратење трошоци

Првичниот свет на кој сме навикнати продолжува да се менува. Арсенал, клуб пред чии домашни натпревари секогаш на терен ја гледавме маскотата Ганерсаурус, реши да се збогува со омилениот лик на навивачите.

Кај нас проблем беше кога топката ќе се заглави под ауспух

Да видиме со какви маки се соочуваат на други места. За една топка.

Калински: Македонија може да стигне до величествениот фудбалски полигон

„Кога ќе истрчаат да истрчаат со верба и во себе и во соиграчите и во селекторот, да бидат свесни дека можат да испишат историја, дека можат да ни го направат животот поинтересен, поубав, а и сами себе да се издигнат многу повисоко, бидејќи ова се моменти кои ќе ги паметат за цел живот“.

Мурињо: Ѓоковиќ тоа го прави секој ден, ние ретко

Начека Жозе „крв и месо“ па го удри Манчестер Јунајтед до крај. На семафорот на „Олд Трафорд“ синоќа околу 19:30 часот стоеше резултат 1-6, исход каков што тој стадион скоро никогаш во историјата да не видел. Коментаторот на Спортклуб го прашува Мурињо после мечот, што е со оваа победа во стил на Ѓоковиќ со 6:1 во тениски сет.

Евра: Треба шамари за многу луѓе во Јунајтед

Францускиот бек фати од убавите времиња на Олд Трафорд и освои 14 трофеи, а после срамниот пораз од Тотенхем удри критички, ама не против играчите, туку против управата на клубот.

Џими Батлер со 40 поени и трипл-дабл ги разби Леброн и Ентони Дејвис

Откако ЛА Лејкерс убедливо го совлада Мајами во првиот меч од големата финална серија, па спокојно го добија и вториот, сите го сметаа за завршено НБА финалето. Сите освен Мајами Хит.

Спортинг извади ново чудо од дете

Нуњо Мендеш почнал да тренира фудбал во академијата на Спортинг Лисабон уште кога имал 10 години. Денес, 8 години подоцна, на 18 растура како лев бек. Во 2020 има 11 настапи и 1 гол, синоќа против Портимоненсе.

Циркузот во Торино: Јуве со публика го чекаше Наполи кој не ни тргнал на северот

Недела 4 октомври 2020 ќе се памти како еден од полудите денови кога фудбалот е во прашање. Британија уште не може да поверува што ги снајде Ливерпул и Манчстер Јунајтед (7:2, 1:6), а во Италија некои аматерски работи се случија.

Жунињо од Динамо Загреб

За да го пронајдете најјакиот слободен удар на колото, не треба да буричкате во Премиер лига, Серија А или Ла Лига, туку во Хрватска. Вараждин поведе 1:0 против Динамо Загреб, а потоа прими два од Мислав Оршиќ. Едниот е сув лист кој Кан и Буфон не го бранат заедно.

Необјаснивниот сумо зафат на Мегваер кон свој соиграч

Дресот на некогаш славниот гигант денес го носат просечни играчи за кои правото место е Ипсвич, Колчестер, Викомб итн. Синоќа ај што го обрукаа клубот, ај што примија 6 (првпат 4 гола во едно полувреме во историјата на Манчестер), туку и правеа некои нелогични потези. Како на пример дрвото Мегваер за кого Јунајтед плати 70 милиони фунти!

Во Виница е досуден најсрамниот пенал на векот

Второлигашниот натпревар меѓу Слога Виница и Тиквеш ги измести границите за судење пенал. Погледнете го ова театрално паѓање на еден од домашните фудбалери кој од што не знаеше што да направи се струполи доле со епско симулирање прекршок.

Што беше во Премиер, да не е скриена камера? Ливерпул изгуби 7:2, Јунајтед 1:6

Дури ни најревносните хроничари на англискиот и општо европскиот фудбал не памтат кога актуелен шампион на една лига бил така понижен. Срамен дебакл на „црвените“ на Вила Парк каде Астон Вила ги прегази со 7:2! Ист потоп доживеа и Јунајтед на свој терен.

Мајстор Вејн Руни

Резултатот од Чемпионшип дуелот меѓу Дерби и Норич беше 0:0, ама до 88-ма минута кога на легендарниот англиски напаѓач му дадоа меч топка за да ја реши. Некако рано му е за пензија со оглед на тоа како игра уште.

Беља работа, Елмас е позитивен

Лоша вест за македонската фудбалска репрезентација пристигна од Неапол. Елиф Елмас е заразен од Ковид 19 во пресрет на три натпревари на нашиот национален тим, меѓу кои и историскиот со Косово.

Диего застани кога даваш изјава, ќе останеме без спонзори

Стандардна процедура кога се земаат изјави после натпревар е тоа да се прави пред рекламно пано, ама за Марадона не важат тие правила. Пак е малку сомнителен во говорот, а тој кутриот позади ѕирка и гледа да погоди кадар. Врв.

А се сеќавате ли Ешли Кол кој труп беше на ждрепка?

Легендарниот италијански бек Чиро Ферара денеска на ждрепката за Лига Европа не знаеше Црвена Звезда да ја прочита, а минатата сезона катастрофално лошо во таа улога се снајде едно друго славно бековско име. Ај за Турците ок, ама Еспањол во репрезентација да го претвориш?

Новиот играч на Барселона подобро да не жонглираше пред новинари

Барса во Ајакс најде нов Дани Алвеш. Откако после Бразилецот ама баш никако не можеше да убоде со добар десен офанзивен бек, овојпат од Ајакс го донесоа талентираниот Сержињо Дест. Ама како жонглираше на традиционалната промоција, поарно само да го сликаа со дрес.

Бјелса и преведувачите, хит во Премиер лига

Херој на навивачите на Лидс, идол на Пеп Гвардиола и Почетино, харизматичен и луд каков што му е и прекарот El Loco. Марсело Бјелса, тренерот на Лидс Јунајтед е хит во Премиер лигата и поради своето огромно искуство но и поради тоа што уште не знае да збори англиски. Буквално 2 збора не знае.

Мурињо пак во Бугарија, Милан во најтешка група

Во новото издание од Лига Европа ќе има 5 македонски фудбалери: Дарко Велковски, Милан Ристовски (Ријека), Адеми (Динамо), Елмас (Наполи) и Дени Илиев (Арсенал). Неколку интересни вкрстувања: Велковски и Ристовски против Наполи на Елмас.

Коментаторот со кој треба да ги гледате пеналите на Милан - Рио

Како страствен навивач на Милан се пали на головите како да е ова финалето Милан - Јуве во ЛШ 2003-та кога ја реши Шева на пенали, а не плејоф во ЛЕ. На головите на Милан царот вришти навивачки, а на головите на Рио е тивок и разочаран. На крај очекувано одлепува.