Саутемптон провален дека симулира прекини за тајм-аут и тоа во исто време

Ако сè уште не сте забележале, сега на следниот меч на симпатичниот премиерлигаш Сауемптон би можеле да приметите како смислиле интересен начин да одморат и практично да добијат совет плус од тренерите и лекарите. Но не секогаш им оди во прилог. Напротив.

Саутемптон и покрај продажбата на некои од најважните играчи (минатото лето останаа без шпицот Дени Ингс кој отиде во Астон Вила), играат солидно, освојуваат важни бодови против топ клубовите и стабилно стојат во Премиер лига на 10. место.

За вакво нешто се служат и со итрини. Авторот на The Athletic Ден Шелдон самиот приметил дека на 14 од 24 меча досега сезонава во Премиер лига, играч на Саутемптон се жали на болки и бара лекарска помош на средина од вториот дел.

На пример во август лани со Њукасл:

Па после со Сити во септември:

Па пак со Сити, но овојпат во јануари. Пауза искористена да се освежат со енергетски гелови, сокови:

И нормално, совети од стручниот штаб:

Прекинот поради повреден играч скоро секогаш го прават во исто време: меѓу 60’ и 70’ минута. И тоа не е случајно. Скоро сите фудбалери одат како на тајм-аут близу клупата.

ЗОШТО ПРАВАТ ПАУЗА?

Саутемптон игра мошне интензивен фудбал. Тимот е во топ-6 во Премиер лига по PPDA (колку пасови ќе успее да направи противникот додека ривалот не му ја одземе топката), одземени топки на противничка половина и одземени топки кои завршуваат со шут.

Ротацијата од клупа не им помага, зошто Хазенхутл просто нема на клупата за резерви доволно добри играчи за највисоко ниво. Затоа чаре бараат во прекини.

Еве како им оди од рака:

Во 66’ минута на мечот против Челси. Натан Теља во еден момент жив и здрав, а веднаш по нападот на сините, прилегнува на тревник.

Додека на Теља му се укажуваше помош (или „укажуваше помош“), останатите го слушаа тренерот Хазенхотл.

А ШТО ЈАДАТ НА ПАУЗАТА?

Спортскиот физиотерапевт Фил Хејворд, кој бил шеф на лекарскиот тим во стручниот штаб на Саутемптон до 2020-та година, вели:

„Играчите шмукаат енергетски гелови со малтодекстрин - јаглехидрад близок по состав до глукозата. Гликогенот во мускулите е истрошен а гелот им помага да го вратат во организот (гликоген во глукоза), за освежување на мускулите со енергија.

Зошто гел а не напитоци? За концентрација: за да се добие таква мала доза малтодекстрин во организмот, треба да се испие многу. Ефектот од употреба се добива за десет минути.

Обично фудбалерите го шмукаат овој гел на полувреме но некогаш не им е потребен дополнителен внес на енергенти, туку пред самиот крај на мечот, со оглед на интензивниот фудбал кој го игра Саутемптон, тоа е нормално.

И во изборот на „повреден“ има логика: освен ако не се смета Ливраменто (се чини дека неговата повреда беше навистина сериозна и лекарите истрчаа на терен веднаш по сударот на Тино со играч на Норич), досега најмногу лекарски интервенции барале напаѓачите.

КОЈ ДОСЕГА И КОГА БАРАЛ ИНТЕРВЕНЦИЈА ОД ЛЕКАРИТЕ?

- Евертон (гости): не барале
- Манчестер Јунајтед (дома): Адамс во 61’ минута
- Њукасл (гости): А. Армстронг 63’ минута
- Вест Хем (дома): А. Армстронг 62’ минута
- Манчестер Сити (гости): А. Армстронг 70’ минута
- Вулверхемтон (дома): не барале
- Челси (гости): Теља во 66’ минута
- Лидс (дома): Елјонуси во 65’ минута
- Барнли (дома): Волкот 65’ минута
- Вотфорд (гости): не барале
- Астон Вила (дома): Елјонуси 64’
- Норвич (гости): Ливраменто 63’
- Ливерпул (гости): не барале
- Лестер (дома): не барале
- Брајтон (дома): Че Адамс 64’
- Арсенал (гости): не барале
- Кристал Палас (гости): не барале
- Вест Хем (гости): не барале
- Тотенхем (дома): А. Армстронг 63’
- Брентфорд (дома): Теља 68’ 
- Вулверхемптон (гости): не барале
- Манчестер Сити (дома): С. Армстронг 62’
- Тотенхем (гости): Адамс 65’
- Манчестер Јунајтед (гости): не барале.

Рекордер е Адам Армстронг. Централниот напаѓач имал 4 повреди од 60 до 70 минута. Логично е зошто центарфорите обично трчаат помалку од останатите.

„Ова е права тимска работа. Сигурен сум дека идејата им ја препорачале спортски научници и им предложиле точно време, а Хазенхотл одобрил. Одличен заеднички пристап кој покажува колку добро работат“, восхитено вели Фил Хејворд кој до лани бил главен на лекарскиот тим во Саутемптон.

ДАЛИ ПРЕКИНИТЕ ИМ ПОМАГААТ РЕАЛНО?

Не. Речиси напротив. После 60’ минута Саутемптон постигнал 9 гола а примиил 14. Изгубил бодови додека имал реми во рака со Евертон, Норвич и Вулвс а изгубил иако водел во тој момент со Норвич, Сити и Палас.

Позитивни моменти имале четири: победа над Тотенхем и Вест Хем, нерешено со Њукасл и уште еден гол со Брентфорд. 

Но треба да се знаат и други фактори:

- Саутемптон нема класа играч кој ќе ја засили играта од клупата;
- Играат интензивен фудбал и ограничениот ростер им влијае на повреди;
- Екипата е на 10. место и управата е задоволна од развојот на настаните.

17 февруари 2022 - 13:03