Комбинацијата Јокиќ - Морис за победа на Денвер со звукот на сирената

Денвер Нагетс го доби дербито на вечерта против Голден Стејт со 117:116, а број 1 на паркетот веќе по кој знае кој пат беше актуелниот МВП во НБА лигата.

Нагетси имаа само 6 секунди за напад и негатива од 2 поени разлика. Јокиќ во вистински момент го најде Монте Морис кој биеше прецизно за делириум меѓу гостинските играчи.

Нерешливата енигма по име Никола Јокиќ го заврши мечот со 35 поени, 17 скока и 8 асистенции, од кои последната клучна за победа. Кај Вориорс најдобар беше Стефон Кари со 25 поени и 6 асистенции.

За кошаркарите на Денвер ова е трета победа по ред и вкупно 33-та сезонава.

Клучната тројка на Морис

Незапирливиот Јокиќ

Остин Риверс имаше дуел со двајца кои синхонизирано не знаеа кај тераат.

17 февруари 2022 - 09:23