Грбот на Баерн Минхен бил свастика, клубот го нарекувале еврејски, па нацистите го смениле амблемот

Баерн Минхен почнал да доминира во Германија на крајот од 1960-те години. Малку е познато дека првиот трофеј клубот го освоил уште во далечната 1932 годиа, но не можеле да го развијат тој успех зошто после неколку месеци на власт дошол Хитлер и клубот радикално бил сменет.

МЕЃУ ОСНОВАЧИТЕ НА БАЕРН ИМАЛО И ЕВРЕИ, ЕДЕН ОД НИВ НАПРАВИЛ МЕНОРА ЗА ПАРЛАМЕНТОТ НА ИЗРАЕЛ

Растечкиот анти-семитизам во меѓувоените години навлегол во сите сфери на германското општество, па така ни фудбалот не бил исклучок.

Со подемот на нацистите, терминот Judenklub стапил во употреба. Така навредливо и понижувачки ги викале клубовите управувани од Евреи. Етикетата му ја залепиле и на Баерн чии членови на управата не го криеле потеклото.

Клубот го основале во 1900 година во минхенскиот реон Швабинг. Не може во целост да се каже дека е еврејски, туку на почетокот на ХХ век повеќе му одговарал епитетот боемски. Тука живееле во тој крај сликари, писатели, глумци и други познати луѓе (например Ленин). Ова место го споредувале со Виена и Париз од културолошки аспект.

Меѓу основачите на Баерн Минхен имало неколку жители на Швабинг - 17 луѓе, а само двајца биле Евреи. Едниот од нив подоцна станал познат скулптор: Бено Елкан, роден во Дортмунд, се дружел со Роден и Матис а во 1933-та емигрирал во Велика Британија.

Веќе после Втората светска војна му довериле да изготви четириметарска менора - седумкрак свеќник, симбол на Израел кој бил поставен пред парламентот на оваа земја.

Многу поголемо внимание на животот на клубот Баерн Минхен посветувал Курт Ландауер, син на богат еврејски претприемач. Тој влегол во управата на клубот уште пред Првата светска војна и станал претседател се до доаѓањето на власт на Хитлер.

Во свое време Ландауер и самиот играл фудбал, но повеќе се прославил како претседател. Во услови на пост-воена сериозна економска криза, екипата не се растурила како други. А во 1932-ра дури и првпат ја освоиле шампионската титула во Германија.

Тој успех е заслуга на уште еден Евреин: сликарот Рихард Кон со прекар Домби кој станал тренер на екипата во 1931.

Подемот на Баерн кратко траел. Во 1933-та канцелар на Германија станал Адолф Хитлер па раководството, тренерот и некои играчи биле во опасност. Во март истата година Ландауер дал оставка, а Рихар Кон заминал во Барселона.

Во 1934-та година еврејски фудбалери на Баерн биле нападнати, но и после тој инцидент многу останале во клубот. И покрај нападите, некои играчи не се криеле туку отворено му пркоселе на режимот. Пример бекот Зигмунд Харингер за малку избегнал затвор зошто парадата на нацистите ја нарекол „куклен театар“.

Го предал некој случаен минувач кој ја слушнал таа негова реплика. Харингер бил приведен но славата дека е играч на Баерн го спасила. Бил легенда на Баварците и на целиот германски фудбал.

Друг пак фудбалер, Вили Симезрајтер се сретнал со Џеси Овенс, темнокожиот учесник на Олимписките Игри во Берлин кој освои дури четири златни медали за САД и тоа пред очи на Хитлер. 

НА БАЕРН МУ НАМЕТНАЛЕ СВАСТИКА, ПА ТАКА НА АМБЛЕМОТ НА КЛУБОТ ПРВПАТ СЕ ПОЈАВИЛ КРУГ

Борбата со „еврејскиот клуб“ имала и симболичен карактер. Во 1930-те години во Германија било тешко да не приметите свастика. Уште во март 1933-та симболот во бел круг на црвена позадина станал официјално знаме во земјата.

Наскоро свастиката со орелот се појавила на грбот на град Минхен, а немал што да прави ниту клубот. Во 1938-ма година логото на Баерн во целост било изменето, па наместо сините монограми од буквите M, F и B се појавил црвен круг во кој имало свастика и орел. За да не изгледа како лого на некоја воена единица или рахјс-министерство, туку дека се работи за фудбалски клуб, укажувале златните букви во натписот – Bayern München.

Амблемот од 1938-ма година денес често се игнорира во Германија кога се опишува еволуцијата на грбовите на клубот, а во 1945-та година се вратиле сините букви.

Но веќе во 1970-те години, логото одново почнало да личи на амблемот од 1930-те години, истиот црвен круг со името на тимот со златни букви, но намесот симболите на нацизмот, стоеле ромбови од знамето на федералната држава Баварија.

Идеолошката позадина била проследена не само во амблемот туку и во играта на тимот.

За време на Хитлер, Баерн Минхен бил принуден да игра тактики „што се вклопуваат“ со ариевската раса. Неа ја измислил Карл Оберхубер, роден во воено семејство кој доброволно отишол на фронтот во Првата светска војна. После војната тој станал симпатизер на нацистите, а во 1937-ма го назначиле за шеф на огранокот на Горна Баварија на Империјалната спортска канцеларија.

Оберхаубер страствено сакал милитаризам и сонувал армиската наредба да ја префрли во други области од животот. 

Тој бил посебно импресиониран од германската инвазија на Белгија, Холандија и Франција во 1940-та.

Во тој момент веќе прилично испраниот мозок на Карл му донел нова идеја: тој бил фасциниран како молскавично се разбивале непријателските фронтови и одлучил германските фудбалери „да играат на истиот начин“.

Шест месеци подоцна, Оберхубер ја изнел суштината на новата тактика во статија за локален спортски весник, нарекувајќи ја „вистински германски фудбал“. Подоцна Карл редовно се среќавал со високи чиновници на Третиот Рајх кои морале да ги слушаат неговите предлози. Меѓу соговорниците неколку пати биле Херман Геринг и Мартин Борман.

Тој сметал дека германскиот фудбал треба строго да напаѓа со висок процент на посед на топка. Играчите требале да вршат активен пресинг и да се сретнат со противничкиот тим на противничка половина од теренот.

Споредбите му биле очигледни: во раните години на Втората светска војна, Вермахтот се борел исклучиво на непријателска територија. Името на овој тактички модел се однесувал и за војната - „фудбалски блицкриг“. 

Карл имал одредена претстава за тоа како играле фудбал во Германија и во другите земји. На приемр тој зборувал за Херберт Чепмен, легендарен тренер на Арсенал од Лондон кој го променил фудбалот во 1930-те.

Иако Англичанецот во тоа време веќе бил умрен, Оберхубер сметал дека неговите идеи се цврсто вкоренети во германската репрезентација и дека треба да се бори против нив. Според него Германците игракле премногу „еврејски“, кукавички и одбранбено, и дека требале да земат пример од војниците на фронтот.

Баерн Минхен се извлекол некако од овие погубни тактики, не ги следеле секогаш тие милитаристички формации па фудбалскиот „блицкриг“ на Оберхубер не станале популарни. 

ЛАНДАУЕР ЈА ПРЕЖИВЕАЛ ВОЈНАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА А ПОСЛЕ СЕ ВРАТИЛ ВО БАЕРН МИНХЕН

Германскиот фудбал се откажал моментално од нацистичко наследство. Баерн Минхен си го вратил стариот грб, засекогаш раскрстил со „фудбалскиот блицкриг“ а старо-нов претседател станал Курт Ландауер кој се вратил во Баерн.

За него годините под нацистичка власт биле кошмарни но со среќен крај. Во 1938-та година го уапсиле и однеле во Дахау. Таму се задржал буквално еден месец, го пуштиле поради спортски заслуги. Курт побегнал во Цирих но и од преку границата живеел за својот клуб. Во 1943-та година Баерн Минхен дошол на пријателска средба со репрезентацијата на Швајцарија. На трибините бил и Курт Ландауер кого фудбалерите го поздравиле срдечно.

Со крајот на војната и Курт се вратил во клубот, но овојпат само на неколку години. Во 1951-ва биле организирани претседателски избори а првиот човек на ракометната секција на Баерн, Јулиус Шојринг неочекувано го победил. Ова било голем удар за Ландауер.

Но после две години Шојринг поднел оставка а правилата за гласање биле такви што избори се одржале само меѓу кандидати од фудбалската секција. 

Во следните години настаните од 1930-те и првата половина на 1940-те биле често премолчувани во клубот. Управата на Баерн можела добро да го прикаќе клубот како жртва на режимот, но се плашела дека некој ќе се сети на свастиката, „фудбалскиот блицкриг“ и репресиите врз Евреите.

Освен тоа шефовите на клубот кога се сеќавале на заминувањето на Курт Ландауер во 1933-та, тоа не го поврзувале со националноста. 

Оттогаш Баерн Минхен го смени односот кон тие настани. Архивите биле отворени, а многу детали од биографијата на Курт Ландуаер станале појасни. Денес во негова чест има подигнато споменик а снимен е и документарен филм.

Згора на тоа, Баерн Минхен во последните години е подготвен да соработува со аматерски еврејски клубови во Германија и не се срами да зборува за настаните во клубот во периодот од Прва до Втора светска војна.

16 февруари 2022 - 12:52