Ливерпул ја потврди класата, Баерн се извади во 90-та

Фудбалерите на Интер после цели десет години играат во нокаут фазата, а таму налетаа на силниот Ливерпул кој рутински славеше со 0:2 во самиот финиш. Во Австрија, ослабениот Баерн Минхен едвај се спаси со Салцбург.

Лига на шампиони, осминафинале, први натпревари:

ИНТЕР - ЛИВЕРПУЛ 0:2 (0:0)
/Фирмино 75', Салах 83'/

Головите со кои „црвените“ речиси осигураа пласман во следна фаза и обезбедија мирен реванш ги постигнаа резервистот Роберто Фирмино и Мохамед Салах и тоа во само осум минути.

До тој период, Интер имаше повеќе од играта, создаде и неколку шанси, но не ги искористи. Ливерпул веќе може да размислува на четвртфиналето.

Хајлајтс од мечот:

РЕД БУЛ САЛЦБУРГ - БАЕРН МИНХЕН 1:1 (1:О)
/Адаму 21' - Кингсли Коман 90'/

Ред Бул Салцбург за малку не го искористи очигледниот пад на формата на Баерн кој втор меч по ред не знае за победа.

Големо изненадување најави сјајниот шпиц Адаму кој влезе од клупата во 12. минута наместо Окафор а веќе во 21-ва минута постигна убав гол за голема радост.

Баварците потоа се обидуваа да израмнат и кога се чинеше дека во Минхен ќе се вратат со гол негатива, во 90-та минута Кингсли Коман постигна погодок за конечни 1:1.

Хајлајтс од мечот:

16 февруари 2022 - 22:57