Offside

Кипар, Финска, Летонија и Полска ја имаат честа да го организираат 42. Европско кошаркарско првенство. Ќе учествуваат 28 НБА ѕвезди. Србите се фаворити за златото.

Офкаше коментаторот после пасов на Де Јонг

Каталонците синоќа беа сигурни на гостувањето против Селта кое го добија со 0:3. Можеше и 0:4 да биде ако Гризман го исконтролираше ова брилијатно додавање на надворешна на Френки

Тотенхем даде 7 гола, ама погледнете каков прими

Најголемата голеада синоќа во ЛЕ се случи во Лондон каде Тотенхем ја демолираше Макаби Хаифа со 7:2. Обрнете внимание на израмнувањето на гостите во 17-та минута, дело на Холанѓанецот Тјарон Шери.

Адеми со 2 гола го внесе Динамо во европска есен

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми на само неколку часа пред мечот Динамо Загреб - Флора Талин добил раскошна понуда од Саудиска Арабија но ја одбил и решил да остане капитен на „модрите“. Синоќа постигна 2 гола во триумфот од 3-1 и со Динамо ќе ја продолжи долгата традиција на учество во еврокупови.

Епски пенал рулет меѓу Милан и Рио Аве со 24 удари

Иако според имињата, тоа требаше да биде лесен триумф за фаворитот од Милано во ЛЕ, сепак во Португалија имаше драма која почна во продолженија и заврши на пенали. Ако потраеше уште малку и на тренерите ќе им дојдеше ред за шутирање.

Смешниот автогол со кој Ријека и Велковски влегоа во Лига Европа

Фудбалерите на хрватска Ријека направија големо изненадување откако синоќа на гости го совладаа Копенхаген со 0-1 и се пласираа во групната фаза од Лига Европа. Голот беше практично автогол на Анкерсен во 20’ минута. Многу смешен.

Мега пресметка меѓу Роналдо и Меси во ЛШ

Денешната ждрепка во седиштето на УЕФА донесе интересни групи каде ќе се бијат силни и неизвесни битки како Баерн - Атлетико, Реал - Интер, Ливерпул - Ајакс, ПСЖ - Манчестер Јунајтед и се разбира Барселона - Јувентус.

Опасен лажњак на Скубе кој ги измести ѕвездите на ПСЖ

Мешков Брест направи големо изненадување во ЛШ и тоа против ПСЖ кој го совлада со 32:31. Потег број 1 на мечот е дефинитивно оваа финта на поранешниот вардарец Сташ Скубе кој ги прати по бурек момците на Раул Гонзалес.

Циркуз најава на трансферот на Сисе во Фенербахче

Папис Сисе денеска направи трансфер од Аланијаспор во Фенербахче, а клубот на чуден и несфатлив начин го најави доаѓањето на Сенегалецот. Ова за Турците веројатно е некоја позната сцена од филм која ние не ја контаме. Што е фората, демек внимавајте земјотрес, доаѓа Сисе?

Старт на Типстер купот 2020/2021 на Спорт лајф

Оваа сезона главната премија ќе биде доделувана секој месец во текот на натпреварот, односно секој месец ќе бидат доделувани по 100.000 денари за освоено прво место, 50.000 денари за освоено второ место и 20.000 денари за трето место.

Бекот висок метро и 61 кој е хит во Премиер и за кого Баерн нуди 15 милиони

Уште во првите неколку кола од Премиер лигата, Брајтон имаше екстремно тешки натпревари против Челси и Манчестер Јунајтед, па гледачите и навивачите можеа да го забележат активното десно бекче на овој тим. Визуелно изгледа како да има 14 години.

А Елмира ќе известува од Градски за Македонија - Косово?

На 8 октомври македонската фудбалска репрезентација го пречекува Косово, а ние радо ќе ја пречекаме колешкава во новинарска ложа и ќе се обидеме внимателно да ја, односно да го следиме мечот. Запознајте ја Елмира Садрија од дистанца, спортска новинарка и водителка од Косово.

Еден е Томас

Легенда од калибарот на Лотар Матеус има 18 трофеи, Франц Бенекбауер 19. Оливер Кан ја заврши кериерата со 23. Швајнштајгер има 26, но никој како Томас Милер.

Марадона држи најјак визир на свет

Диего не е Диего ако не привлече внимание со некој потег надвор од фудбалот. Сите носат маски или визири од оние како заварувачи на железо, а Диего Армандо Марадона се појави како астронаут.

Зошто Ламела од „Градски“ почна да игра со различни копачки

Репрезентативецот на Аргентина и добар другар на Меси, со гол го отвори мечот во Скопје меѓу Шкендија и Тотенхем, а набрзо од клупата побара да му ги сменат копачките. Веќе неколку меча игра со различни. Зошто?

Лејкерс го сомле Мајами Хит и поведе со 1-0 во финалето

И покрај блокадата на спортскиот свет поради глобалниот вирус, и покрај проблемите во општеството, протестите и бојкотите, НБА успеа да ја спаси сезоната и да спроведе супер одличен плејоф. Во финалето Лејкерс поведе 1-0 против Мајами.

Нереално е колку среќен гол даде Баерн

Баварците синоќа нанижаа нов трофеј, вкупно петти годинава, откако во Супер купот на Германија ја совлада Борусија Дортмунд со 3:2. Како ли да се објасни голот за победа на Џошуа Кимих? 

Мајсторијата на Погба од слободен удар

За разлика од мечот во Премиер лига пред неколку дена кога Брајтон тотално го издоминира Манчестер Јунајтед и имаше рекорден број на пречки и стативи на еден натпревар (5), синоќа „црвените ѓаволи“ лесно се справија со истиот противник на исто место. Ги отвори Скот МекТоминеј, ги почасти и Хуан Мата а ги дотепа Пол Погба. 0:3.

Пајак служба Мануел Ноер, појак од Халанд во дуел 1 на 1

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд одиграа спектакуларен меч во германскиот Супер Куп. Баварците поведоа со убедливи 2-0 преку Толисо и Милер, ама Дортмунд се врати на 2-2 преку Јулијан Брандт и Халанд. Ноер го спасуваше Баерн од нов пораз, а Кимих во 82’ минута на Баварците му донесе петти трофеј сезонава (ЛШ, Бундеслига, германски Куп и Супер Куп) и УЕФА Супер Куп.

Чуден гол падна во САД

УСЛ Чемпионшип е професионална фудбалска лига во САД основана во 2011 година која е хиерархиски зад познатата МЛС. Таму во УСЛ синоќа на меч меѓу Филаделфија Унион II и Харфорд Атлетик, гостите во 90’ минута победија 2:3 со многу чуден гол.

Гол на Интер по само 28 секунди од убава акција

Интер го декласираше Беневенто на гости уште по првото полувреме кое го доби со 1:4, а момците на Конте се отворија уште во првата акција која почна со една фантастична дијагонала на новото засилување Коларов. Стрелец Лукаку кој даде два до сега.

Војничките навики на Шевченко на кој му биле малку 2 часа тренинг во Милан

Пред ѕвездените мигови во Италија, Андриј во Киев имал фудбалски учител кој ги челичел играчите до повраќање. Човек кој од што толку многу го почитувал му одел со трофеите на гроб.

Соничен бум се слушна на Ролан Гарос, Париз се застресе

Тениската среда почна со неколку „бомби“: Прво Ник Кирјос го нарекол Хачанов глуп пеликан, Серена Вилијамс се повлече поради повреда, а на мечот од 2. коло меѓу Стен Вавринка и Доминик Кепфер се слушна страшен звук во далечина.

Надал игра на Ролан Гарос со часовник вреден 1 милион долари

Специјално изработен модел. Тежи само 30 грама а чини астрономски милион долари. Направен е само за Рафа и симулира тениски рекет.

Акцииште и гол на Иниеста како на Камп Ноу

Еден од најдобрите играчи од среден ред во изминативе 15 години дроби уште и на 36. Јапонија му лежи веќе трета година. Е како нема да му лежи кога зборуваме за доктор Андрес Иниеста.