Единствениот осминафинален двобој на ПСЖ и Реал Мадрид како да беше вчера.
Се работи за сезоната 2017/2018, кога Зинедин Зидан го комплетираше хет-трикот на трофеи во ЛШ, а Роналдо ја играше последната сезона на Бернабеу.
Прво се сретнаа на 14 февруари 2018-та во Мадрид. Резултатот го отвори Рабио во 33-та минута, но тоа беа денови кога натпреварите во Лига на шампиони ги решаваше Кристијано Роналдо.
Израмни во 45-та од пенал, па го сврте мечот во 83-та. Само три минути подоцна на 3:1 зголеми Марсело.
На реваншот во Париз мрежите мируваа 50 минути се додека Роналдо со неговиот препознатлив небесен скок не ја смести топката во гол.
По само 20 минути Кавани му даде само мала надеж на својот тим, а Каземиро ја запечати новата победа на 1:2 или вкупни 5:2 за кралскиот клуб.
Ова осминафинале се очекува да донесе нова голема возбуда, под нови околности. Овој пат го нема Роналдо, ама го има Меси кој ќе се соочи против најголемиот ривал во неговата клупска кариера.
Посебна средба ќе биде и за Рамос кој ќе игра против клубот каде беше верен 16 сезони и освои 22 трофеи.
Сега битката нема да биде меѓу Зидан и Емери, туку на Анчелоти против Покетино.
Дојди кај мене дома да ја зацврстиме љубовта за Лига на шампиони