Лос Анџелес Ремс го победија Синсинати Бенгалс 23:20 (7:3, 6:7, 3:10, 7:0) и ја освоија втората шампионска титула во НФЛ лигата. Интересно Бенгалси го имаа последниот напад за трофеј, но Ремс се одбранија и го освоија трофејот Ломбарди.
Натпревар за уживање за љубителите на американски фудбал, грандиозно шоу зачинето со најпознатите суперѕвезди во САД, ДР Дре, Еминем, Снуп Дог и други, како и преполни трибини со околу 100.000 гледачи.
Интересно, американските медиуми пренесуваат дека додека траело големото финале на Супербоул на „СоФи стадионот“ во Лос Анџелес, за време на спектаклот на полувремето, сопругата на вајд рисиверот на Лос Анџелес Рамс Ван Џеферсон, Самарија ги напуштила трибините и тргнала да се пораѓа.
Оваа информација ја знаеле луѓето од клубот и некои новинари, но никој не му ја соопштил на играчот на ЛА Ремс со цел да не изгуби концентрација, зошто Ван Џеферсон важи за еден од подобрите играчи на Ремс.
Откако мечот заврши а неговиот ЛА Ремс ја освои шампионската титула, Ван Џеферсон славел еуфорично со играчите во соблекувална. Таму му ја соопштиле и животната вест дека добил син, нивно второ дете, па тој имал уште поголема причина за славје.
Van Jefferson rushing to see his wife after she left the game to give birth ❤️
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 14, 2022
(via @NFLGameDay)pic.twitter.com/d5LcrY2QL0
Van Jefferson’s wife, Samaria, was escorted out of Sofi Stadium to go give birth to their child.
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) February 14, 2022
As soon as the #SuperBowl ended, Jefferson grabbed his daughter, ran to the locker room, and went to the hospital.
A ring and a newborn for the Rams WR. pic.twitter.com/BtOmPn07zH
Одигран најголемиот спортски настан во САД - планетата ја виде титулата на Лос Анџелес Рамс