Во разговор со новинарот на USA Today Том Шад, шефот на дисциплинската комисија на МОК рекол дека „најверојатно траги од триметазидин во нејзиниот организам влегле со некој производ кој претходно го употребувал нејзиниот дедо кој пиел апчиња со триметазидин во составот“.
Тоа како исказ го дала мајката на Камила на испрашување во Русија на 9 февруари, пред самиот старт на ЗОИ 2022. Малата Валиева во декември лани при првенство во Санкт Петергубрг била позитивна на тест со микротраги од забранетиот препарат.
„Господин Освалд само ја повтори информацијата која беше објавена во пресот. Лично тој на судското заседавање не присуствуваше“, рекле во МОК.
Иако Спортскиот арбитражен суд (CAS) на 14 февруари ги одби сите жалби од три страни (МОК, ВАДА и Меѓународната федерација за уметничко лизгање) за 15-годишната Камила Валиева да биде суспендирана од Зимските Олимписки Игри и таа денес ќе се натпреварува на кратка програма во уметничко лизгање, сепак МОК порано соопшти дека доколку Камила е меѓу првите три натпреварувачки, тие нема да организираат подиум и свечена церемонија доделување медали.
Ова подразбира дека и нејзините сонароднички кои освоија со неа злато во екипен настап, а не го добија, најверојатно не би добиле медали ниту доколку освојат во поединечна конкуренција што е мошне некоректно од страна на МОК.
Експерт за фармакологија со кој разговарал новинарот и основач на центарот за истражувачко новинарство во Русија „Досие“, Михаил Ходорковски, рекол дека оваа верзија со дедото е неубедлива зошто триметазидин се раствора дури во цревната флора и не може да се внесе преку допир од некој предмет во домаќинство.
Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA
Правичен суд но и едно важно прашање: Како недозволена супстанца стигнала до младата Русинка?