Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA

Откако Меѓународниот арбитражен суд за спорт (CAS) од Лозана прати свој тим во Пекинг да го разгледува случајот и да донесе одлука за 15-годишната Камила Валиева, на крајот одлучија дека таа е чиста и дека може да продолжи со натпреварите на Зимските Олимписки Игри.

Некогашниот двократен олимписки шампион Александар Жулин го искали целиот гнев врз Светската антидопинг агенција.

За случајот на чудесната Камила која стана прва во историјата која извела четирикратен скок на едни Олимписки Игри, Жулин вели:

„Ова беше ѕверска неправедност. За да направите четири вртења во воздух никакви микротраги од некаков препарат не би ви помогнале. Вие можете да им дадете тони некаков препарат на спортисти од други земји, но тие нема да направат четирискок на лизгалки затоа што е неверојатно тешко од аспект на координација. 

Ќе ми биде голема жал после четири години, па и на оваа Олимпијада да ги гледам ситите и задоволни фаци на таканаречените стручњаци од WADA кои ја фатија „страшната“ дрога кај кутрото девојче! Срамота!! Мислам дека следен чекор на генијалната агенција WADA ќе биде аспирин, после Кока-Кола и секако кафе. И таму има присуство на кофеин.

Следен чекор ќе им биде планински воздух кој придонесува за подобрување на резултатите. Совршено неверојатниот институт - борба за чесен спорт веројатно многу брзо, благодарение на WADA, едноставно никој веќе нема да го занима. Добродојдовте во театрот на аспурдот. Многу болно и одвратно!

Не така одамна, во Бродвејското шоу „Убавицата и ѕверо“ главна улога на убавица играше црномурна згодна девојка од 100 килограми која рече: „Претходно не сум ни сонувала дека ќе играм главен јунак, но сега во правилниот толерантен свет можам тоа да го направам. Не би требало се да биде лесно и витко...“ Епа они (WADA) ја следат таа логика. Камила, прости им на своите родители на природната убавина и талент, они не очекувале дека ќе учествуваш во ваква прослава на лудило“.

Русинката доби дозвола да остане и учествува на Олимписките Игри

Правичен суд но и едно важно прашање: Како недозволена супстанца стигнала до младата Русинка?

14 февруари 2022 - 09:29