Русинката доби дозвола да остане и учествува на Олимписките Игри

Камила Валиева, 15-годишна руска уметничка лизгачка која даде шарм на Зимските Олимписки Игри 2022, пред веста дека во декември лани имала позитивен тест во Русија да ја шокира светската јавност, сега е чиста да продолжи да се натпреварува на ЗОИ2022.

Како се развиваше ситуацијата?

Официјална информација прва објави Меѓународната агенција за тестирање на допинг (ITA): На 25 декември на денот на произволен програм на шампионатот на Русија, Камила Валиева имала позитивен тест. Ѝ била пронајдена мала доза триметазидин во крвта, лек кој се користи за лекување ангина и стегање во градите.

На 8 февруари РУСАДА (руската анти-допинг агенција) привремено ја суспендирала младата 15-годишна спортистка, но веќе на 9 февруари со одлука ѝ ја тргнале суспензијата.

Меѓународниот олимписки комитет, Светската анти-допинг агенција и Меѓународната лизгачка унија не се согласија со одлуката на Русите и поднесоа жалба на одлуката на Руската анти-допинг агенција да ја укинат суспензијата на 15-годишната Камила Валиева.

Тогаш решение требаше да донесе Спортскиот арбитражен суд кој е овластен за овие случаи. На панел во Пекинг тие ја разгледувале жалбата на МОК. Рокот беше до 15 февруари кога започнуваат поединечните натпревари во уметничко лизгање.

Утрово CAS (Спортскиот арбитражен суд) ги одбил жалбите на МОК, WADA и ITU. Составот на арбитрите од CAS кој ја донел одлуката е: Фабио Јудика (Италија), Џефри Бенц (САД) и Весна Бергант Ракочевиќ (Словенија).

Во својата одлука, CAS (Арбитражниот суд за спорт) образложува дека Камила Валиева со 16 години според кодексот на Светската анти-допинга агенција требала да биде „заштитено лице“ во јавноста, односно не би требало да се открива нејзиниот идентитет по резултатите од првичниот тест. Според нив, проблемот лежи во тоа што резултатите од декемврискиот тест биле соопштени многу подоцна - на сред активни Олимписки Игри.

„Комисијата во предвид ги зема основните принципи на правичност, пропорционалност, непоправлива штета и релативна рамнотежа на интересот меѓу кандидатот и спортистот кој не бил позитивен во текот на Олимписките Игри во Пекинг, но и натаму е предмет на дисциплинска постапка после позитивен тест спроведен во декември 2021.

Конкретно, Комисијата смета дека исклучувањето на спортистот (во случајов Валиева) од натпреварите на Олимписките Игри под овие околности би нанело ненадоместлива штета. Групата на CAS исто така истакна дека постоеле значајни проблеми со доцното известување за резултатите од анти-допинг тестот на спортиската во декември 2021 година, што влијаело на способноста на спортистот да утврди одредени законски факти во негова корист односно дека доцното известување за резултатите од тестот не било грешка на спортистот“.

Тренерот на Камила Валиева, Александар Жупин распали жестоко по луѓето од WADA (Светска анти-допинг агенција).

14 февруари 2022 - 08:40