Правичен суд но и едно важно прашање: Како недозволена супстанца стигнала до младата Русинка?

Тројца судии од Арбитражниот суд за спорт од Лозана допатуваа во Пекинг и таму по опсежно чешлање документи, решија да ѝ дозволат на сјајната лизгачка во уметничко лизгање да продолжи со Олимписките Игри. Но се поставува прашањето кој каде ја утнал работата која емотивно го растрои младото девојче кое остана без освоеното злато во тимско учество.

Без познавање на сите околности од 7-часовното сослушување, може да се извлечат два заклучоци од соопштението на CAS: вложување во швајцарски адвокати навистина ѝ се исплатело на руската федерација во уметничко лизгање, но главната борба туку што претстои зошто забранетите супстанци во организот на спортистката во принцип не се споменуваат.

Камила треба да биде среќна зошто укинувањето на суспензијата за натпреварување и можноста таа повторно да ужива на мразот на Зимските Олимписки Игри во Пекинг е заснована на процедурални повреди (доцнежно известување за позитивен тест на допинг уште во декември лани, цели 44 дена пред нејзиниот прв настап на ЗОИ2022) и вонредните околности - возраста на Камила (15 години) и статусот на натпреварување.

Возраста на Валиева одиграла клучна улога, зошто според CAS, во анти-допинг правилата не е регулирано прашањето за привремена суспензија на заштитени лица (помлади од 16 години). Истовремено, другите правила од кодексот на WADA (Светската анти-допинг агенција) и РУСАДА (Руската анти-допинг агенција) се поблаги кон малолетници.

Камила Валиева доби дозвола да игра на личниот турнир на Олимписките Игри и поради фактот што во олимпискиот временски период не е можно детално да се испитаат сите факти. Истовремено CAS соопшти дека евентуалното недопуштање на спортиската да ги продолжи Зимските Олимписки Игри во случај на понатамошно утврдување невиност, би можело да и нанесе непоправлива штета на младата Русинка.

Од оваа точка на гледање, одлуката на CAS е навистина праведна и ферска: Олимписки Игри не се етапа од Гран при, туку на следните мора да се чека цели четири години!

Цената на недопуштање да се натпреварува во улога на најголема фаворитка за злато е сериозно висока. Но после Пекинг, сите страни ќе имаат доволно време да се вратат на клучното прашање: Од каде допинг се појавил на тестот на Камила во декември во Русија?

- До денес, главни аргументи во случајот на Валиева произнесувала нејзиниот тренер и селектор во репрезентацијата, Етери Тутберидзе, и уметничките лизгачи и тренери кои воглавно ја штитеа и бранеа со следните ставови:

- „Она внесува убавина во нашите животи, нејзиниот настап не е веќе спорт, туку уметност“ (ова е за во телевизиски емисии)

- „Валиева е феномен во уметничко лизгање. Многу е подобра од WADA и сите останати заедно“ (и ова е за во телевизиски емисии)

- „Никаков допинг не може да им помогне на спортистите да научат да прават четирикратен аксел и не дава способност на изразување на музичките дела“ (да, можеби, но некои видови допинг можат да ја зголемат неопходната издржливост, како за стабилно изведување програм, така и за обработка на елементи на тренинг).

- „Просто е штета што цела оваа ситуација исплива овде, на Олимпијада, а јас како ја сфаќам, за да би добила повеќе одек, да би звучела погласно“.

Аргументот кој го произнесе и трочлениот судиски тим звучи логично: Валиева на време да дознала дека има позитивен тест, таа би имала доволно време мирно да ги собере доказите за својата невиност, а руската федерација во тој случај би викнала на нејзино место друга лизгачка во уметничко лизгање.

Остана без одговор прашањето како забранетата супстанца стасала во организмот на Камила. А ќе мора да се најде овој одговор за да се задржат златните медали освоени на екипниот турнир, и евентуално на поединечниот турнир. 

Во Русија на Камила и се пружа голема поддршка. Но таа сега не е само уникатна лизгачка во уметничко лизгање, туку и инструмент за манипулација, како во светот така и во сопствената земја.

На Валиева веќе и предложиле да биде знаменосец на церемонијата затворање на Олимписките Игри, на Инстаграм нејзиниот тренер имаше бурна реакција со коментар против WADA.

Во останатиот свет, Камила постепено се претвора во жив доказ дека борбата против допингот во Русија безнадежно се губи. 

Шефот на Олимпискиот комитет на САД го нарече овој случај „ново поглавје на систематско непочитување на чистината на спортот во Русија“, а на конференциите за новинари на МОК се поставувале прашање дали позитивниот допинг тест на Валиева од декември лани ќе биде главен настан од Игрите.

На некој од следните конгреси би требал да биде корегиран и кодексот за заштитени лица и нивната возраст. Ќе има реформи кои одамна доцнат во овој не баш многу популарен спорт во светот.

Случајот на Валиева покажа дека 15-годишни девојчиња имаат не само физиолошки предности во однос на возрасните спортисти туку и законски. Камила веќе неколку дена тренира. Таа откако ја дознала одлуката да и се дозволи да се натпреварува на поединечен турнир одработела одличен тренинг.

Олимпискиот комитет на Русија веќе ги повикува своите „да навиваат со сета сила, од срце, до солзи за Камила“. Притоа другите натпреварувачки од тимот во уметничко лизгање со кои Камила освои злато не се спомнуваат многу и нивниот досегашен настап се сведе на судски извештаи и скандалозни прашања во микс зоните.

Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA

14 февруари 2022 - 12:11