По завршувањето на првите две осминафинални дуели во Лига на шампиони, излезе еден статистички податок кој вели вака:
Манчестер Сити е прв тим во историјата на ЛШ кој во нокаут фаза успеал на полувреме да води со 4 гола разлика.
И тоа внимавајте, ова го направи на гости и во закажани 180 минути фудбал, го отпиша Спортинг во осминафинале уште по првите 45 минути.
4 - @ManCity are the first team in #UCL history to lead an away game by 4+ goals at half-time in the knockout stages of the competition. Rout. #SPOMCI
— OptaJoe (@OptaJoe) February 15, 2022
Или па ова: Станаа 14 екипа во најелитното клупско европско натпреварување со 200 постигнати гола. За тој успех им биле потребни 97 меча, помалку од сите други екипи.
200 - Man City have become the 14th team to score 200 goals in the UEFA Champions League - it's taken them just 97 games to reach the milestone, fewer than any of the other 13 teams in the competition. Comprehensive. #SPOMCI
— OptaJoe (@OptaJoe) February 15, 2022
Ако до тука не ви е доволно за убиствениот голгетерски учинок на овој тим, тогаш еве уште податок.
Сити синоќа стигна до 43-тиот меч на кој постигнат барем по 5 гола откако ги води Пеп Гвардиола.
Како и да ја врти човек, статистиката покажува дека овој колектив, со овој тренер, „живеат“ за што повеќе голови. Затоа им е секогаш тапа коефициентот за 3+.
Шпанскиот стратег е на Етихад од 1 јули 2016-та, а скорот на 331 натпревар му е 243 победи, 40 нерешени и 48 победи или 812 постигнати и 268 примени гола. Тоа се во просек речиси 2,5 голови по натпревар.
Муабетот во статијата е импресивната ефикасност на Пеп, која не е само статистика. Во изминативе 6 години тој му донесе 10 трофеи на клубот: 3 титули во Премиер лигата, 1 ФА Куп, 4 Лига Купови и 2 Комјунити Шилд. Му фали ЛШ каде лани стигна до финале.