Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека доколку Камила Валиева заврши меѓу првите три после слободната програма, нема да има подиум, ниту официјално доделување медали и цвеќе. МОК одлучи доделување медали да има дури кога ќе заврши истрагата.
Сè што носеше на грб малата 15-годишна Валиева деновиве во Пекинг се виде уште на нејзниот прв скок во кратка програма па не го изведе во целост до крај трократниот аксел, за да во продоложение се ослободи и доминираше.
Најдобрите 24 натпреварувачки во уметничко лизгање после кратката програма се квалификуваа за слободната програма која е на распоредот во четврток, 17 февруари.
Настапот за паметење на малечката Камила:
Russian teenager Kamila #Valieva skated at the #Beijing2022 Olympics on Tuesday for the first time since sport's top court cleared her to compete despite failing a drugs test, bursting into tears at the end of her performance https://t.co/DIcyF49Ktj #figureskating #AFPSports pic.twitter.com/Ywcilnc2Qc
— AFP News Agency (@AFP) February 15, 2022
Четврта беше Лоена Хендрикс од Белгија со резултат 70.09 (36.09, 34.00), петта Американката Алиса Лиу со 69.50 (36.85, 32.65).
По настапот, 15-годишната Валиева која е најмлада меѓу конкуренцијата но е најдобра во моментов, ги одминала новинарите и не застанала во микс-зоната да даде изјава, очекувано, по совет од стручниот штаб.
Резултати од денешната кратка програма.
Прочитајте уште и:
Жестока изјава на тренер за младата Русинка - Жулин фрли дрвја и камења по WADA
Правичен суд но и едно важно прашање: Како недозволена супстанца стигнала до младата Русинка?