Во италијанската Серија Ц, Фоџа го згроми Палермо со 4-1. Гостите од Сицилија стигнаа до израмнување во 24’ минута на 1-1 откако домашниот голман Џакомо Волпе се жалеше на повреда, но Матео Брунори многу многу не му ја мислеше и ја збрца во мрежа.
Во италијанската Серија Ц која е трета лига по ранг, има три групи со по 20 тима. Во моментов првопласирани и со реални шанси за пласман во Серија Б се Јужен Тирол (Südtirol), Реџана/Модена и Бари.