Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Село Кадино, македонски второлигаш со шведски прволигашки шмек

Што имаат заедничко ФК Кадино и Хакен од Шведска? Дресовите. Како? Така бе, дресовите. Со исти играат, а зад тоа има позадина, ептен шведска.

На прес Серхио Кун Агуеро со солзи се прости од фудбалот на 33 години

Уште еден голем фудбалски цар се одјави од фудбалската игра. Принуден, поради здравствени проблеми. Ќе се памети по многу голови, трофеи, потези.

Фудбалер на Сити смисли нов начин на играње одбрана

Манчестер Сити му одржа фудбалска лекција на Лидс и го почасти со седмица. Граѓаните решија да не примат гол и ептен запнаа во одбрана, како на пример Рубен Диаз кој создаде комична сцена во шеснаесетник.

Најјаката детска битка за топка што заврши на трибина

Забавата за режијата на мечот во Аргентина, која им стана интересна и на коментаторите, траеше една цела супер минута за гледање. Во неа имаш турканици, опомена од строга тетка и очекуван победник, најгабаритен во друштво. На буцкото сепак му се сруши светот. Крајот е лузерски за сите. Комедии.

Тргни се голман, шутира Кевин

Манчестер Сити го понижи Лидс со 7:0 во 17. коло од Премиер лигата. Кевин Де Брујн беше двоен стрелец. На едниот шут голманот џабе бранеше.

Чешки Абрамович го купува Вест Хем, ама нема да го прави Челси

Чешкиот милијардер Даниел Кршетински купил 27% од акциите на Вест Хем. Иако на прв поглед оваа зделка не изгледа дека ќе влијае на распоредот на сили во Премиер лига, сепак може да смени многу нешта.

Тепавме што тепавме, ај сега да се редиме кај Новак на сликање

Барселона славеше на гостувањето против Црвена Ѕвезда со 76:69 во 15. коло од Евролигата. Не е битно што се играше кошарка, се гледа кој беше ѕвезда на вечерта.

Новиот крал за тројки во НБА се вика Стефон Кари

Заборавете ги Реј Ален и Реџи Милер, новата историја со рекорден број на погодени тројки во НБА лигата ја испишува Стефон Кари. 2.974.

Најтрофејниот кошаркар во историјата на НБА ја продал цела колекција шампионски прстени и трофеи

Бил Расел е можеби најголема легенда во НБА. Со 11 освоени шампионски титули од 1956 до 1969 величествениот центар на Бостон Селтикс е најтрофеен играч по број на титули. Две има освоено како играч-тренер.

Македонска фудбалска нива на денот

Велешта денеска требаше да го пречека Силекс во рамките на втората лига. Ама требаше, исто како што требаше пред неколку дена. Два пати го одложуваат мечот поради немање услови за игра. Мизерни се. Нас стално снегот не изненадува во декември, а не знаеме ни трева да садиме.

Спартак Москва со свое барање до УЕФА околу ждрепката

Многу спрдање настана после големиот кикс на УЕФА, кои аматерски ја истуркаа ждрепката за ЛШ па мораа веднаш да одат на поправен. Кога дојде ЛЕ на ред, Спартак Москва беа јаки на Твитер и побараа ако може да не им се падне една од појаките екипи, која веројатно ја гледаат како фаворит.

Пријателе како колената?

Долга редица е забележана сабајлево на костозглобна. Еден се жалел на болки во колената, друг на кичма, а трет дошол со вртоглавица. Со оваа топ 5 НБА листа ќе сфатите за што се работи.

Во пресрет на дербито, Пелистер спрема убава акција, Комити планираат гостување

Големото ривалство меѓу Вардар и Пелистер сезонава добива нов сјај. Откако веќе неколку години владее затишје со фудбалските клубови кои таворат во долгови и се клацкаат во прва и втора лига, ракометните колективи на двата клуба се во жестока битка за титулата.

Олд скул мангупарија на мал фудбал од тешки размери

Го викале „Magic Chris“ и за време на кариерата која ја градеше како крилен напаѓач, има 148 гола. Во 1989-та година прави трансфер од Тотенхем во Марсеј за 4,5 милиони фунти и станува трет најскап играч во светот. Со Французите освојува три титули во низа, а го игра и финалето од КЕШ против Ѕвезда во Бари. Крис Водл кој има 62 настапи за Англија, денеска полни 61 година. 

Во Прва лига на Бугарија брани 45-годишен голман

Минатата сабота на меч од бугарското првенство меѓу ЦСКА 1948 и Славија Софија во 27’ минута гостинскиот голман Светислав Вуцов (19) добил директен црвен картон па тренерот морал да го внесува резервниот голман кој е најстар играч во европските лиги.

НБА ѕвезда нарача ново пиво за навивачи зошто им го истури

29 годишниот Гери Пејтон II е син на легендарниот Гери Пејтон, член на Куќата на славните и НБА шампион од 2006-та. Пејтон-помладиот играше во Вашингтон Визардс па во развојната Џ-лига, а сега е во Голден Стејт. На мечот против Индијана кој „воините“ го добија 102-100, Пејтон се одмораше зад клупата ама и таму направи беља, турна пиво на гледачите потпрено на ограда.

Јокиќ збесна по неправедни судиски одлуки, па им се пушти на арбитрите

Никола Јокиќ уфрли 28 поени со дури 19 скока и 9 асистенции и на својот Денвер Нагетс му донесе нов важен триумф, овојпат против Вашингтон Визардс 113-107. Ама мечот го заврши на шест минути пред крајот кога судиите го исклучија поради приговор.

Како екипата на Ред Бул го следеше последниот најлудачки круг од Ф1?

Последна трка на сезоната, последен круг. Хамилтон води за титула, Верстапен го претркува и „му ја краде“. Возбудата, емоциите и радоста на механичарите пуштени на најјако. Момент во Абу Даби кој ќе го паметат до крај на животот.

Како се случуваа скандали и грешки на ждрепки низ историјата и како УЕФА се спрема за самата ждрепка?

На ждрепката за 1/8 финале во Лига на шампиони се случи нешто што досега не сме виделе: поради грешка УЕФА мораше да ги поништи извлечените резултати и да влече сè одново.

Најапсурдната ВАР одлука ни доаѓа од Парагвај

Се користи и врши многу работа за спорни пенали и офсајд ситуации, ама дека може да се случи да исклучат голман уште пред да брани, е тоа го немавме видено до сега.

Што ако се Фенербахче, од 50 метри ќе им дадам гол

Фудбалерите на Газиантеп го изненадија фаворитот Фенербахче на последниот меч од 16. коло во турскиот шампионат со триумф од 3:2. Стрелец за гостите беше Месут Озил, ама шоуто му го украде Бразилецот Жоао Фигуеирдо кој даде два комада. Едниот лудница од пола терен.

УЕФА ја повтори ждрепката и донесе три супер пресметки

Атлетико Мадрид - Манчестер Јунајтед, Интер - Ливерпул и ПСЖ - Реал Мадрид се мега битките кои беа извлечени на повторената ждрепка за нокаут фазата во ЛШ.

Твит зафрканција на Баварците за ждрепката

Андреј Аршавин како гостин и човек од УЕФА до него му асистираа на Џорџо Маркети при влечењето на ждрепката за Лига на шампиони. Направија чорба па решија да ја повторат ждрепката. На Атлетико ни крив ни должен му падна Баерн, па Германците се зафркаваат:

Супер ждрепка за Лига Конференции

Третото по ранг натпреварување на УЕФА не е воопшто занемарливо, особено ако се знае дека таму играат клубови како Тотенхем, Рома, Марсеј, Лестер, ПСВ, Фенербахче, Селтик... Попладнево по фарсата со ждрепката за Лига на шампиони која се повтори, па супер влечењето за Лига Европа каде на Елмас и Наполи им падна Барселона, последно ги добивме паровите за 1/16 финале на Лига Конференции.