За првпат уште од далечниот 13 декември 1983-та година во една вечер тројца играчи постигнале повеќе од 45 поени во една иста вечер. Тогаш таков подвиг направиле Кики Вандевеге, Ајзеа Томас и Алекс Инглиш на мечот Нагетс - Пистонс.
Сензација и ѕвезда на вечерта беше лидерот на Минесота, Карл-Ентони Таунс кој го одигра најдобриот меч не само во својата кариера туку и во клупската историја на Тимбервулвс. Кошаркарот со потекло од Доминиканска Република е првиот центар кој уфрлил 60 поени после Шекил Онил вна 6 март 2000-та на својот 28 роденден.
Karl-Anthony Towns (60), Stephen Curry (47) and Trae Young (46) all scored at least 45 on Monday.
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) March 15, 2022
This is the first day in NBA history there has been a 45-point scorer in 3 different games (h/t @EliasSports).
Таунс го заврши мечот со 19 погодени шута од 31 обид и 11 уфрлени тројки.
Во третиот период постигнал 32 поени што е само четврт таков подвиг на кошаркар во НБА во последните 25 години.
Karl-Anthony Towns is the first center with a 60-point game since Shaquille O'Neal did it on his 28th birthday in 2000 (March 6, 2000). pic.twitter.com/Ybiu69w9G1
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) March 15, 2022
Карл-Ентони Таунс е роден на 15 ноември 1995 година. Има 26 години. На НБА драфтот беше избран како прв пик во 2015-та година и од тогаш е играч на Минесота Тимбервулвс. Иако игра центар тој на неодамнешниот Ол-Стар викенд во Кливленд на 19 февруари победи во натпреварот за три поени. Ги победи врвните стрелци Трае Јанг и Лук Кенард.
Таунс постави рекорд со најмногу (29) постигнати тројки во историјата на овој Ол-Стар турнир за три поени. Претходно лидер беше Девин Букер кој во 2018-та година погоди 28 тројки. Таунс стана првиот центар во историјата кој триумфирал на натпревар за три поени на Ол-Стар и прв играч на Минесота кој учествувал по 2012-та година и Кевин Лав.