Историска партија на контроверзниот Кајри Ирвинг - растури со 60 поени

Толку долго озборуваниот кошаркар на Бруклин Нетс кој цела сезона не може да игра на домашен терен туку само гостински натпревари зошто не е вакциниран па законите во неговиот град не му дозволуваат, синоќа одигра лудачки натпревар.

Само неколку часа по чудесниот натпревар на Карл-Ентони Таунс од Минесота Тимбервулвс кој уфрли невозможни 60 поени за свој личен рекорд и рекорд на франшизата, синоќа и Кајри Ирвинг направи ист подвиг.

Бекот на Нетс постигна 41 поен само во првиот дел, најмногу поени во први две четвртини во НБА во последните 20 години и сам го разби Орландо 150:108. Последен пат во прво полувреме 51 поен постигна Девон Букер од Феникс Санс во 2017 година.

Кајри имаше 60 поени (20/31 од игра, 8/12 за три), шест скока и четири асистенции. Ова доаѓа по хајката на Ирвинг да се вакцинира по секоја цена во спротивно нема да смее да игра во држави каде има такви правила.

Парадоксално, според протоколите и правилата во Њујорк, Кајри Ирвинг смее да гледа натпревари на Бруклин Нетс во сала како навивач, но не смее да игра:

ПРВПАТ ПОСЛЕ 60 ГОДИНИ ВАКОВ ПОДВИГ

Како што соопшти ESPN Stats & Info, ова е прв случај во НБА за цели 60 години, два дена по ред играчи да постигнат по 60 поени на еден натпревар.

Во 1962 година тоа му пошло од рака на легендарниот центар Вилт Чембрлен. 

Особено важно е да се напомене дека Кајри Ирвинг го имаше овој луд подвиг против најдобрата одбрана во моментов во лигата после Ол-Стар паузата и тоа без да влегува во игра во последните осум минути од мечот.

За споредба, легендарниот Коби Брајант имаше 58 поени на седум минути пред крајот од мечот против Торонто на кој уфрли надреални 81 поен.

Мартовското лудило во НБА трае веќе неколку дена. Освен Кајри Ирвинг и Карл-Ентони Таунс, страшни изданија имаа и Кевин Дурент, соиграчот на Кајри Ирвинг кој на претходниот меч на Нетс постигна 53 поени.

На дуелот со Орландо на кој полуде Кајри, Дурент имаше 19 поени, 7 асистенции и пет скокови. Пети Милс додаде 15 поени а кај „магичните“ се издвоија Кол Ентони со 19 поени и седум асистенции. Вендел Картер имаше 18 поени а Мо Вангер дабл-дабл учинок со 17 поени и 11 скока.

Нетс сака да обезбеди место кое води директно во плејофот, позиција која сериозно им се дрмаше поради очајните резултати во вториот дел од сезонава.

16 март 2022 - 10:19