Во НБА ги викаат Iron Man, железни луѓе кои со неверојатна физичка подготвеност секојдневно неуморно играат без престан поради суспензии или повреди. На вечната листа не се многу. Сезонава такви има шест кошаркари којшто играле на сите натпревари од почеток до денешен ден.
Дени Авдија, Вашингтон Визардс, 67 натпревари од 67
Двајт Пауел, Далас Маверикс 68/68
Мајкл Бриџис, Феникс Санс, 69/69
Садик Беј, Детроит Пистонс, 69/69
Кевон Лунеј, Голден Стејт Вориорс, 69/69
Франц Вагнер, Орландо Меџик, 70/70
Оваа листа не би имала никаква смисла ако не се спомене вечниот лидер - Еј Си Грин.
Грин е трикратен шампион во НБА со Лос Анѓелес Лејкерс. Тој го држи апсолутниот рекорд со вртоглави 1.192 натпревари по ред од 19 ноември 1986-та година па се до последниот негов меч во кариерата на 18 април 2001-ва година кога го носеше дресот на Мајами Хит на последниот сезонски натпревар против Орландо Меџик.
Со букви - илјада сто деведесет и два натпревари без престан во НБА на највисоко ниво.