Што ќе биде сега со Челси, тренерот се смее дека ќе играат додека имаат за гориво во автобусот

Новата реалност многу силно го удри англискиот фудбалски гигант. Постојат неколку гранки во кои треба во најскоро време да се вложи за да клубот не лизне надолу. Но ситуацијата е ведра зошто имало преку 150 заинтересирани милијардери и милионери за Челси.

ШТО СЕ СЛУЧУВА СЕГА СО ПРОДАЖБАТА НА КЛУБОТ?

До петок ќе се слушаат сите понуди. Процедурата е следна: Абрамович одамна најмил консултанти кои собираат понуди (меѓу тие консултанти се и луѓе од американската трговска банка Raine).

Кога ќе најдат идеален купец, владата на Велика Британија ќе треба да одобри специјална лиценца за официјализирање на зделката.

Лиценца каква што пред неколку дена му одзема на Абрамович и го остави без газдинство во неговиот сакан клуб во кој за 19 години вложи преку 1 милијарда фунти и им донесе 2 пехари во Лига на шампиони и 2 пехари во Лига Европа и титули во Премиер лига.

Абрамович и неговите соработници како и британската влада сакаат се да заврши ако е можно најдоцна до крајот од март. Иако Русинот има замрзнати сметки во Лондон и прашање е дали би можел да ја извади сумата која што ќе биде уплатена за купување на Челси.

КОЛКУ ЛУЃЕ САКААТ ДА ГО КУПАТ ЧЕЛСИ?

Компанијата Raine која ги разгледува понудите досега добила 150 понуди од физички, правни лица и групи.

Познато е дека неформален лидер во трката е една група бизнисмени предводена од Тод Боли (има 20% од акциите на бејзбол гигантот Доџерс и 27% од акциите во ЛА Лејкерс). Оваа група наводно е спремна да вложи 2-2,5 милијарди фунти за купување на Челси.

Меѓу другите познати претенденти е и семејството Рикетс од САД, една од најбогатите фамилии во Америка кои имаат акции во клубот Чикаго Кабс. Тие би влегле заедно со милијардерот и основач на инвестицискиот фонд Citadel Кен Грифин.

Исто фигурира и Вуди Џонсон, сопственикот на Њујорк Џетс.

ПЕТР ЧЕХ ИЗЈАВИЛ ДЕКА ЧЕЛСИ МОЖЕБИ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ИСТЕРА ДО КРАЈ ОД СЕЗОНАТА

До крајот од сезоната се ќе биде во ред, така ги уверил присутните на неодамнешниот состанок на газдите на клубовите во Премиер лига, претседателот на Челси Брус Бак. Тој изјавил дека клубот има средства да ја доигра сезоната, но за понатаму не е сигурен.

Челси само на плати месечно одвојува 28 милиони фунти месечно (!?)

ШТО ЌЕ БИДЕ СО СПОНЗОРИТЕ?

Главниот, генерален спонзор Three (40 милиони фунти годишно му даваше на Челси) веќе го раскина договорот поради санкциите кои владата на Британија му ги удри на Абрамович. Исто договорот го раскина и Hyundai а на крајот односите ги заладил и уште еден партнер - MSC Cruises.

Но Челси продолжи да игра со овој спонзор на дресот и на последниот меч против Њукасл. Интересно, Trivago, главниот сервис за букирање хотели останува со Челси.

ЧЕЛСИ ЌЕ ИМА МАКА СО ГОСТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ И ПАТУВАЊАТА, ДО МИДЛЗБОРО ВО КУПОТ МОЖНО Е ДА ОДАТ СО АВТОБУС

Во саботата владата на Велика Британија изгласала нови измени во лиценцата на Челси за натпреварувања, па клубот на ден на меч на „Стемфорд Бриџ“ наместо досегашните 500.000 фунти ќе може да троши до 900.000 фунти.

Но проблем се гостинските дуели каде се ограничени да не трошат повеќе од 20.000 фунти. Ова не ја покрива ни сумата за авионски превоз па затоа во четвртрфиналето од англискиот ФА Куп против Мидлзборо најверојатно екипата ќе патува вкупно 10 часа со автобус колку што има од нивната база па до стадионот „Риверсајд“ и назад.

„Сакаме да најдеме решение, сакаме да играме во сабота како што сакаме да играме во Лига на шампиони. Работата не е во раскош. Просто тоа е професионално ниво каде имаме два дена меѓу натпреварите а нашиот противник четири. Тоа може да доведе до повреди. Затоа е најдобро да се оди со авион а не со автобус“, рекол тренерот Томас Тухел кој редовно се шегува на прес-конференциите и вели дека ќе играат додека имаат гориво за пат со автобус.

Лидерот на тимот Кај Хаверц додава дека „не им е никаков проблем да одат со автобус и дека да стигнат на натпревар им е најважно за нив“.

Се крева фама како играчите да немаат за леб а станува збор за преплатени ѕвезди кои на неделно ниво заработуваат колку некој за цел живот.

ЧЕЛСИ НЕ МОЖЕ ДА ПРОДАВА КАРТИ И БАРАЛ ДА ИГРА ПРОТИВ МИДЛЗБОРО БЕЗ ГЛЕДАЧИ НО ГИ ОДБИЛЕ

Во вторникот „сините“ побарале од ФА да играат со Мидлзборо на гости пред затворени трибини. Тие не можат да продаваат карти за гостинскиов дуел поради проблеми со лиценцата но ги одбиле

Шефот на Мидлзборо Стив Гибсон изјавил:

„Челси и спортски интегритет не одат заедно. Каде беше мозокот на Брус Бак кој го штитеше својот газда кога трофеите освоени во 19 години беа добиени на сметка на коруптивни зделки на Абрамович??

„Сакаат да ги играат сите свои гостински натпревари на празни стадиони? Епа ние нема да им помогнеме во тоа. Абрамович го избркаа од фудалот и Брус Бак исто треба да го избркаат“.

 

Од англиската Влада велат дека тие немаат ништо против тоа навивачите на Челси да присуствуваат на гостински натпревари на подолг рок, но нема да дозволат парите од продажба на билети да оди во организација под санкции.

Англискиот клуб во среда вечер игра реванш од Лига на шампиони против француски Лил кого го добија 2:0 на првиот меч и се на праг од пласман во четвртфинале.

16 март 2022 - 16:08