
Еден познат Твитер корисник познат под налогот @JohyanCruyff објавил твит со прашање: во какви теории на заговор веруваат фудбалските навивачи?
Оригиналниот твит собрал повеќе од 15.000 лајкови и повеќе од 2.000 ретвитови. Ние одвоивме само некои од нив, а вие проценете дали се празни муабети или se igranekoja igra.
Самиот автор на прашањето има и една теорија на заговор што ја слушнал:
- Раководството на Премиер лига прави сè што е можно за шампионот да се менува на 2-3 години. Сакале да ја одржат неизвесната и драматична трка за титулата преку судиски одлуки.
Нешто слично има и за во Германија.
- Од Баерн Минхен бараат понекогаш да изгуби за трката за титулата да продолжи и подолго да трае.
Извесен Fernando Kanapkis бил посериозен па своето тврдење за еден меч стар дури 40 години, го докажува и со видео.
- Фламенго играл со Атлетико Минеиро со цел да пројде група од Копа Либертадорес. Мечот бил прекинат во 37’ минута зошто судијата Жозе Роберто Рајт исклучил дури шест фудбалери на Атлетико Минеиро и цела резервна клупа. Фламенго на крај го освои пехарот во Копа Либертадорес после нокаут фазата.
- Навивачите на Реал Мадрид сметаат дека УЕФА после сезоната 2015/2016 го прогласила Реал за најтежок тим за ривалите и за да се сочувал интересот за Лига на шампиони и да има шанси некој друг да освои.
- Во 2002 година Јужна Кореја (еден од домаќините на Светското првенство со Јапонија) имаше огромна помош од судиите и избија неколку големи скандали особено по неверојатниот грабеж на судијата Морено на мечот со Италија. Италијанците не можеа да веруваат што ги снашло.
- Постои теорија на заговор дека поради тоа што Италија во осминафинале а Шпанија во 1/4 финале беа драстично оштетени од судиите на тоа Светско првенство, затоа после направиле Италија да освои во 2006 а Шпанија во 2010-та.
Теоријата ја докажуваат со тоа што Италија доби спорен пенал во 90+ минута од мечот со Австралија а на мечот Шпанија со Парагвај на Јужноамериканците им бил поништен чист гол поради наводен офсајд.
- Оваа теорија за Бразилецот Роналдо сигурно сте ја слушнале. Рони пред финалето на Светско првенство 1998 во Париз против домаќинот Франција имаше силни болки во повреденото колено. Наводно Најк инсистирал тој да игра по секоја цена во финалето зошто му направиле нов модел копачки Mercurial и ако не играл тоа ќе бил силен удар по маркетингот на компанијата.
- Во 2013-та играчите на Сити сакале да изгубат од Виган во финале на ФА Куп за после тоа Манчини кого не го сакале да добие отказ. Виган стварно славеше сензационално во финалето против ѕвездениот Манчестер Сити.
- Како тоа Лестер да немал ниеден повреден играч цела шампионска сезона кога чудесно стигнаа до пехарот. Наводно мора да примале некои препарати викаат некои фудбалски теоретичари на заговор.
- Скандалозното судење на мечот Челси - Барселона во 2009-та година кога норвешкиот судија Овребо драстично го оштети англискиот клуб со неколку очајни одлуки, било намерно зошто газдите на Лига на шампиони сакале финале во кое Меси ќе игра против Роналдо. Челси и Барселона играа на 6. април а Манчестер Јунајтед веќе беше пласиран во финале.
- Има една во која и ние цврсто веруваме. Дека Хари Мегваер бил фудбалер.