Некогашната тенисерка број 1 во светот се расплака на сред меч

Белоруската тенисерка, познатата Викторија Азаренка (32) изгуби со 2-0 во сетови на Индијан Велс од помладата 22-годишна Елена Рибакина, а во текот на натпреварот во еден момент популарната Вика се расплаче па судијката ја прашуваше дали ѝ треба помош.

Вика Азаренка во 2012 година беше број 1 во женскиот тенис. Има дури 8 Гренд Слем титули (2 на Австралија Опен, 1 на Ролан Гарос, 2 на Вимблдон и 3 на УС Опен). Во кариерата освои и бронзен медал на Олимписки Игри 2012. Во кариерата од турнири заработила околу 34 милиони долари. 

15 март 2022 - 13:22