Аргентинскиот тренер понекогаш знае после последната судиска свирка брзински да истрча до соблекувална без да се поздрави со колегата на другата страна. Така направи и вечерва кога неговиот Атлетико Мадрид со 0-1 го урна Манчестер Јунајтед. Но додека трчаше кон тунелот, домашните навивачи бесни го гаѓаа со сè и сешто па среќа остана на нозе.