
Единствениот гол го даде Чиро Имобиле од пенал во 58’ минута и стана најдобриот стрелец во историјата на Лацио со 144 гола. Чиро го надмина досегашниот рекордер Силвио Пиола кој постигнал 143 а трет на вечната листа е Бепе Сињори со 107 гола.
Чиро Имобиле досега сезонава има 21 гол во Серија А од кои 6 од пенал и е прв стрелец во моментов пред Душан Влаховиќ од Јувентус кој има 20 погодоци. Во италијанското првенство Имобиле има 3 асистенции досега.
Првиот избор на Роберто Манчини сезонава има и 4 гола во Лига Европа од кои 2 од пенал и 1 асистенција. Во Куп на Италија на 2 настапи даде 1 гол. Вкупно сезонава има 33 гола во сите натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво.