Offside

16-годишниот бисер на Ливерпул Рио Енгумоа се најде утрово на насловните страни на многу спортски медиуми откако постигна победнички гол во дербито со Њукасл на гости за триумф 2:3.

Во ЛЕ падна гол од слободен удар од 56 метри

ПСВ синоќа славеше 1:2 на гостувањето против Омонија каде беше фаворит, но 29-та минута им се случи шок, откако фудбалерот на домаќините Жорди Гомез им ја фукна од слободен и тоа од негова половина, а со тоа постави и рекорд.

Види го ти Столе бранење пенал

По лавината критики во јавноста за киксевите во дресот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски покажа дека не е баш таков голман како што многумина мислат кај нас. Рајо Валјекано славеше 2:0 над Фуенлабрада во втората шпанската лига, а Столе на 0:0 го спаси голот со прекрасна парада.

Јаховиќ му врати на Мрме: Немаш муда селекторе да ја кажеш вистината

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ на кој му оди добро во турскиот фудбал, остро реагираше после објаснувањето на Игор Ангеловски за тоа зошто повеќе не е дел од репрезентацијата.

АлВАРо Мората и бледиот Пирло - што е со Јувентус?

Несвесна во какви времиња проаѓа светот, фудбалската јавност на голема врата најавуваше мега-дуел Роналдо-Меси во рамки на дербито Јувентус - Барселона во Лига на шампиони. Како Меси и Кристијано да се отпорни на глобалниот вирус. Го немаше Роналдо, па Мората дојде во прв план.

Виери: Кога ќе се пензионира Меси, ќе остане само Нетфликс за гледање

Поранешниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери даде свое видување за дербито на колото во ЛШ меѓу Јуве и Барса, со посебен акцент кон Лионел Меси.

Кинески автогол на денот

Несреќникот доби употреблива топка, ама се постави со погрешна нога и несмасно со цеваница ја удри во спротивен правец од гол. Сето тоа го следеше неговиот чувар кој излезе двојно поголем несреќник од него.

Шансата на Рашфорд по која ќе фрчеа Меси наслови

Маркус Рашфорд одигра блескав меч против Лајпциг и го постигна најбрзиот хет-трик во ЛШ постигнат како резервен играч, кој му успеа за 27 минути. Но за влакно можеа да бидат и четири ако реализираше по овој прекрасен слалом.

Зошто ѕвездата на Јуве Дејан Кулушевски не игра за Македонија?

Дејан има потекло од охридско и редовно кога може доаѓа во Македонија. За нашата репрезентација до 17 години одигра 5 меча и постигна 6 гола. Откако дојде во Јувентус стана еден од главните играчи на екипата и со и без Роналдо во тимот. Зошто не се решил да игра за сениорската репрезентација?

Дино од Шкендија одма на Макфест

Костадин Захов - Дино бранеше за Беласица, Вардар, Турново, Брегалница, а од 2016-та е во Шкендија. Има и еден настан за Македонија на квалификациска против Албанија пред четири години, ама сега пазете му го овој настап.

Тотално лудиот поен на Ѓоковиќ во Виена

Новак после 2 часа и 9 минути го победи Борна Чориќ во 2. коло на турнирот во Виена со 2:0 во сетови (7:6 (13:11) и 6:3). Светскиот рекет број 1 леташе по теренот на дуелот кој се играше пред публика во Австрија и 6-та година во кариерата ќе ја заврши на 1. место на светската листа.

Од кога не сме виделе голман да даде гол во 94-та минута

И тоа каков гол даде Лук Копманс, чуварот на мрежата на Адо Ден Хаг во Холандија на мечот против Спарта Ротердам. Гостите водеа уште од 39' минута преку Дензел Гравенберх, ама домашниот голман во 90'+4 постигна фантастичен гол со глава.

На Навас му се здосади пред гол

84-та минута е, имаме 0:2, така што остајте ме знам што правам. Не може само Мануел Ноер да се шета слободно по терен.

Краток корнер на денот, ама многу краток

Фудбалерите на Васко де Гама од утре веројатно ќе добијат задолжително правило да ги изведуваат корните директ во шеснаесетник, бидејќи ако го повторат уште еднаш овој имресивен начин на изведување, може од плата да им скинат.

Кога водителка треба да прочита Менхенгладбах

Не дека е лесно за водителка што првпат во живот го среќава клубот Борусија Менхенгдладбах и треба да го прочита во спортски вести, ама па што ако требаше да прочита за скијачки скокови во Гармиш-Партенкирхен.

Голем триумф на Барса во Торино, Јунајтед страшен

Лионел Меси сезонава постигна 4 гола и сите 4 му се од пенал (3 за Барса против Виљареал, Ференцварош и Јувентус и 1 за Аргентина). Манчестер Јунајтед демонстрираше сила против германски Лајпциг и го потопи со 5 комада (Рашфорд влезе и даде 3)

Барселона спрема избори, главниот кандидат ќе ги враќа децата и легендите

На 26 октомври Жозеп Бартомеу изјавува: „Не сум помислил да дадам оставка“. На 27 откомври Жозеп Бартомеу дава оставка од местото претседател на Барселона.

Клоп се прсна од смеење поради бркот на новинарот

Мурињо ни беше два пати во Скопје и во двата наврати направи шоу, особено вториот пат. Ама кој знае што ќе биде ако еден ден дојде царот меѓу тренерите. Погледнете колку е оригинален и природно комичен во дијалог со колумбиски новинар кој му заличи на Пабло Ескобар.

Се одјави Гокси - скопска легенда и еден од основачите на Комити

Еден од основоположниците на македонската тифо сцена, Горан Костадиновски - Гокси утрово на 51 година почина во Скопје. Беше меѓу основачите на навивачката група „Комити“ а подоцна и идеен творец на групата „Сити Парк Бојс“.

Каква штета, Жоао Феликс го имаше голот на сезоната во ЛШ

Напаѓачот на Атлетико Мадрид секако е играч на мечот против Салцбург бидејќи по негатива од 1:2 им ја сврте со два комада, но постои ли играч кој не би жалел за ова? Сите ќе зборуваат за овој спектакл кој вака ќе остане заборавен.

На најважниот меч во кариерата на Енфилд, едвај го облече дресот

Исланѓанецот Микаел Андерсон ги збуни синоќа сите кои го гледаа мечот Ливерпул - Мидтјиланд. 22-годишното крило во 66' минута беше спремен да влезе во игра наместо Авер Мабил, ама камерите го фатија како мака мачи да го облече дресот со број 34.

Како тоа волеј со две нозе?

Додека вниманието беше вперено во Лига на шампиони, бразилскиот нисколигашки фудбал демонстрираше чудна кунг фу акробација во која играчот и се фрли на топката со две нозе. И за чудо му успеа.

Ајакс извади ново дете

На 20 февруари 2020-та, Ајакс потпишал 5-годишен договор со младиот 20-годишен напаѓач од Бразил, Антони кој на 42 меча за Сао Пауло постигнал 6 гола. Сега за Ајакс на 6 меча веќе има 4 гола.

Камера го улови непристојниот Бензема

Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.

Незапаметен спектакл на Торцида Сплит

Најстарата навивачка група на Балканот и една од најстарите во Европа, сплитска Торцида деновиве одбележува јубилеј 70 години од своето основање. Синоќа на полноќ направија чудесија од пиротехника - цел град гореше.