Голманот на Милан на чуден начин учествуваше во победнички гол

Тифозите на Милан од далечната 2011-та чекаат скудето. Повеќе од една деценија црвено-црните не му се израдувале на највредниот трофеј во италијанскиот фудбал, но сезонава после 29 одиграни кола во Серија А како да се најсериозни кандидати за шампионска титула. Во саботата Милан со 1-0 го совлада Емполи со гол на бекот од кој намалку се очекуваше гол, Пјер Калулу кој начека една одбиена топка по слободен удар на Жиру.

Навивач на трибината го снимил однесувањето на голманот на Милан Мајк Маињан кој истрчал дури до пола терен и ризично им сугерира на неговите како да се постават пред противничкиот жив ѕид.

14 март 2022 - 12:29