Нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми (повреден) со Динамо Загреб му гостуваат на Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби.
Во пресрет на мега дуелот на „Пољуд“ во сабота од 18 часот, навивачи на Динамо дошле до познатата сплитска ривиера каде што се собираат ривалските навивачи на Хајдук и во најава на дербито запалиле димни бомби и факели во бојата на нивниот клуб, сино-модра.
Од Торцида, не чекаа ни секунда, одговорија брзо:
„Да, точно е, видеото е автентично, околу 8 часот и 10 минути запалија димни бомби. Ги запалија „наши“ луѓе (Бојси од Далмација), се филтрираа по Ривата, некои дури и хостеси донеле. На сите присутни им делеле некои летки на кои пишувало: „Потегни за Хајдук“, а сите луѓе се потегнале зошто сè било во сина боја. Значи на превара успеале да го изведат тоа“, вели член на Торцида за Далмација.
Со цел да израмнат на 1-1 во навивачките „поштапалици“, Торцидашите од Загреб одговориле со парола во самиот центар на главниот град:
„Вие сте навивачки исклучок, натпревари не се играат во петок!“, со алузија дека димни бомби со сина боја запалиле ден пред мечот во Сплит.
Динамо Загреб од Хајдук добил само 1.470 влезници за нивните навивачи, а домашните во само неколку часа ги разграбиле сите карти пуштени во продажба па на „Пољуд“ во сабота вечер од 18 часот се очекува најмалку 32.000 гледачи.