Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Видал си гази со Пандата и на снег

Еве го пак царот. Се јави и на невреме.

Драма и пол со одбранетиот пенал на Спартак Москва во 98-ма минута

Наполи и Лестер имаа директен дуел за осминафиналето во ЛЕ, а паралелно во Варшава, Легија утна пенал на крај, со кој можеше драстично да ја промени состојбата во групата Ц. Не за себе, туку за сите други.

Бразилска стадионска фешта каква што нема во Европа

Во меч од последното 38. коло во бразилската Серија А каде Атлетико Минеиро после 50 години стана шампион, играа меѓу другите и Форталеза и Баија. Гостите се бореа за опстанок, домаќинот за прв историски пласман во Копа Либертадорес (јужноамериканска Лига на шампиони). Победи Форталеза со 2-1 а сите три гола паднаа од пенал.

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

Лудорија од проектил на Оршиќ со кој Динамо Загреб го сруши Вест Хем на гости

Евроголот на колото во Лига Европа без конкуренција е дело на Мислав Оршиќ. Погодок вреден 3 бода во Лондон и пласман во следната фаза од ЛЕ за Стефан Ристовски и Аријан Адеми, кои беа стартери синоќа.

Елмас ја начна мрежата на Лестер

По половина час игра, Наполи има предност од 2:1 против Лестер во директниот дуел за пласман во следната фаза од Лига Европа. Вториот гол за Наполитанците е дело на Елиф Елмас кој во 24-та погоди за 2:0.

Лука и поправен и повреден, пак држеше час по баскет

Предводени од својот најдобар играч, Далас Маверикс ја прекинаа серијата која траеше три порази по ред. На гости го совладаа Мемфис Гризлис 104:96. Лука Дончиќ кој беше на мета на критики поради тоа што ја зголемил тежината, постигна 26 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Веселин Вујовиќ катастрофално го води Вардар

Седум порази во низа во Лигата на шампионите се доволна причина за да се преземе одговорност.

Тенисот и ветерот, добитна комбинација за форхен

Сцената од Анталија е нереална со оглед на лошиот удар по кој и двајцата застанаа, а топчето беше најреално да заврши во публика. Колку луда завршница.

Што ти е трпение, 19 години откако потпиша за Манчестер Јунајтед доби шанса да влезе во игра

Наследникот на Солскјер синоќа ја изненади публиката на Олд Трафорд со пар интересни одлуки околу составот кои привлекоа големо медиумско внимание. Заигра син му на Роби Севиџ на 18 години, а му даде шанса и на голман кој на 35 години дочека деби за Јунајтед.

Точно 20 години од најлудиот гол на Андреј Шевченко

Тешко дека скоро ќе гледаме вакви тимови. Страшно дерби Милан - Јуве, на денешен ден, 9 декември пред 20 години, во 2001-ва. Пред 81.691 гледач Шевченко, Руи Коста, Малдини, Умит Давала, Гатузо, Албертини против Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Ѕамброта, Едгар Давидс, Монтеро, Буфон, Турам, Јулиано.

Последен пат кога Барса испадна од групи во Лига шампиони пред 21 година имаше чуден тренер

Можеби помалку очекувано, Баерн Минхен реши да демонстрира сила и со 3:0 ја згроми жалната Барселона која по заминувањето на Меси никако не може да се пронајде на теренот. Каталонците вака рано од Лига на шампиони не испаднале повеќе од две децении.

Син му дебитираше за Манчестер Јунајтед во Лига на шампиони, Роби Севиџ заплака

Роби Севиџ беше еден од оние јунаци на англискиот фудбал кои долго се паметат. Во кариерата одигра 538 меча за Кру, за Лестер Сити, Бирмингем Сити, Блекбурн Роверс, Дерби Каунти. Кариерата ја заврши во Стокпорт. Играше и за репрезентацијата на Велс, а сега може да биде бескрајно горд зошто син му Чарли Севиџ дебитираше за гигантот Манчестер Јунајтед и тоа во Лига на шампиони.

Мајтапот на Де Рон за снегот во Бергамо

Мечот меѓу Аталанта и Виљареал е преместен за вечерва од 19 часот поради обилни вржени од снег синоќа во Бергамо. Мартен Де Рон беше јак со твитот. Еве сме вели, доаѓаме да играме со Ѕапата и Копмајнерс.

Бегајте дома, снег натрупа каква Лига на шампиони

Поради обилни врнежи снег во Бергамо, мечот од последното коло во Лига на шампиони меѓу Аталанта и Виљареал беше одложен, не се одигра и се премести за четврток. Ваква одлука донел главниот судија Ентони Тејлор откако го испитал теренот и прво го одоложил мечот на 20 минути па после за четврток од 19.

Марез има лепак на копачките

Едно време им се восхитувавме за вакви работи на Зидан и Роналдињо, ама види го ти капитенот на Алжир како ја штопува. Му се лепи.

Двете 100% утки на Баерн и Динамо

Нема коло без некое големо промашување во последно време. Така беше и во Лига на шампиони, каде проблеми со нишанот имаа Виктор Цихангов и Лирој Сане.

Лил, Бенфика и Салцбург го заверија осминафиналето во ЛШ, Барселона немоќна во Минхен

Со исклучок на Ф групата во која средбата Аталанта - Виљареал поради снег е одложена за утре, добивме конечна разврска во останатите групи. На Јувентус, Челси и Манчестер Јунајтед, во нокаут фазата им се приклучуваат Лил, Бенфика и Салцбург.

Како навивачите на Барса гледаат вечерва ЛШ

Баварската машинерија води 3:0 и со 5 од 5 оди на победа и против Барселона, на која па очајно и се потребни 3 бода. Во меѓувреме од Минхен, одиме во Барселона:

Проектил на Сане со кој ја праќа Барса во Лига Европа

Бенфика води 2:0 на полувреме со Динамо Киев, а Барса губи 2:0 во Минхен, ситуација скроз непосакувана за Чави во финишот од групната фаза во ЛШ. По голот на Милер, водството за Баварците го дуплираше Лирој Сане со бомбастичен погодок.

Гол на Бобан Николов во Лига на шампиони за голем бод на Шериф

Шериф Тираспол сосема заслужено обезбеди европска пролет откако во дебитантскиот настап во Лига на шампиони одигра јуначки во група со Реал Мадрид, Интер и богатиот Шахтјор. Шериф вечерва одигра 1-1 кај Шахтјор благодарение на гол на нашиот репрезентативец Николов кој влезе во игра на старт на вториот дел и постигна гол во последните секунди од мечот, во 90+3' минута.

Демонстрација на моќ на Ливерпул среде „Сан Сиро“, Атлетико го размонтира Порто на гости и оди понатаму

Шесткратниот европски првак демонстрираше сила и како брз воз ја помина групната фаза со максимален број победи 6/6 и гол разлика 17:6. Милан заврши последен на табела, Атлетико Мадрид го преброди Порто и како втор оди понатаму.

Мбапе и Меси блеснаа за нов триумф на ПСЖ, Сити поразен но остана лидер

Во последното коло од Лига на шампиони се доби расплет во групата А каде единствена непознаница беше кој тим ќе продолжи на пролет во Лига Европа. Првите две места се резервирани за гигантите Манчестер Сити и ПСЖ. РБ Лајпциг во последните две рунди успеа да се избори за Лига Европа како трет во групата.

Како во ’80-те и ’90-те почнуваа акции од голман?

Наместо модерниот, современ тики-така фудбал кој до совршенство го доведе Пеп Гвардиола, на времето немаше многу трте-мрте и изнесување на топката од последна линија. Голман ја лупаше што посилно напред па кому оди. Нека се м’кнат напред.